ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Имај целосна доверба во Јехова во време на неволја
    Стражарска кула 2003 | 1 Септември
    • 7, 8. а) Како Исус покажал дека е свесен дека несовршените луѓе се склони да бидат претерано загрижени за материјалните работи? (Види ја и фуснотата.) б) Кој мудар совет го дал Исус за тоа како да се избегнува претерана тегобна загриженост?

      7 Во Проповедта на Гората, Исус дал совет: „Престанете тегобно да се грижите за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете, или за своето тело, што ќе облечете“b (Матеј 6:25). Исус знаел дека несовршените луѓе по природа се загрижени за тоа да си ги обезбедат најосновните работи. Но, како можеме ‚да престанеме тегобно да се грижиме‘ за таквите работи? „Продолжете да го барате најнапред царството“, рекол Исус. Независно од тоа на какви проблеми наидуваме, мораме да продолжиме на прво место во животот да го ставаме обожавањето на Јехова. Ако правиме така, тогаш нашиот небесен Татко ‚ќе ни додаде сѐ‘ што ни е неопходно за секој ден. На овој или на оној начин, тој ќе ни овозможи да останеме во живот (Матеј 6:33).

  • Имај целосна доверба во Јехова во време на неволја
    Стражарска кула 2003 | 1 Септември
    • b Тегобната загриженост што е опишана овде е „загрижен страв, кој ја одзема сета радост од животот“. Некои преводи велат „не бидете тегобно загрижени“ или „не бидете загрижени“. Но, таквите преводи укажуваат на тоа дека не треба да почнеме да бидеме тегобно загрижени. Едно дело вели: „Глаголското време во кое се наоѓа грчкиот глагол е сегашен императив, што означува заповед да се престане да се прави некое дејство што веќе е во тек“.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели