Поука од птиците и од цвеќињата
ШТО е тоа што денес најчесто ги загрижува луѓето повеќе од сѐ друго? За повеќето тоа е грижата да имаат доволно за да ги обезбедат потребите на своите семејства или за да можат да го подобрат својот животен стандард.
Да се состави крај со крај било главна грижа и во времето кога Исус Христос бил на Земјата. Но, тој предупредил дека оваа оправдана загриженост би можела да стане најважна грижа која ќе ги засени духовните работи. За да ја илустрира таа мисла, Исус им рекол на своите ученици да ги погледнат внимателно птиците и цвеќињата.
На птиците им е потребно да јадат секој ден — пропорционално многу повеќе отколку ние, поради високата активност на нивниот метаболизам. Освен тоа, тие не можат да сеат семе, да жнеат или да складираат храна за во иднина. Па сепак, како што напомнал Исус, нашиот „Отец ги храни“ (Матеј 6:26). Слично на тоа, Бог ги облекува прекрасните ‚полски кринови‘ со најубава облека (Матеј 6:28-30).
Исус нѐ уверува дека ако гледаме на материјалните работи од исправна перспектива и ако им даваме предност на духовните работи, Бог ќе се погрижи да ја имаме неопходната храна и облека. Ако Јехова Бог се грижи за птиците и за цвеќињата, тој сигурно ќе се погрижи и за оние кои го сакаат и ‚го бараат најнапред царството на Бога и Неговата правда‘ (Матеј 6:33). Дали ги ставаш интересите на Божјето Царство на прво место во својот живот?