-
Јехова ви ги изброил „сите влакна на главата“Стражарска кула 2005 | 1 Август
-
-
6 За да им помогне на своите апостоли да сфатат зошто не требало да се плашат, Исус им дал два сликовити примера. Тој им рекол: „Не се продаваат ли две врапчиња за една паричка од мала вредност? Па сепак ниедно од нив нема да падне на земја, а вашиот Татко да не знае за тоа. А вам сите влакна на главата ви се изброени. Затоа, не плашете се: Вие сте повредни од многу врапчиња“ (Матеј 10:29-31). Забележи дека Исус рекол дека нема да се плашиме од неволјите ако сме уверени дека Јехова се грижи и е заинтересиран за секого од нас. Сосема очигледно, апостол Павле бил уверен во тоа. Тој напишал: „Ако Бог е за нас, кој ќе биде против нас? Оној кој не го поштеди ни својот сопствен Син, туку го предаде за сите нас, зошто тогаш со него да не ни даде љубезно и сѐ друго?“ (Римјаните 8:31, 32). Без оглед на тоа со какви проблеми се соочуваш, и ти можеш да бидеш уверен дека Јехова е заинтересиран и се грижи за тебе лично сѐ додека си му верен. Уште појасно ќе го видиме ова додека подетално ја разгледуваме опомената што им ја дал Исус на своите апостоли.
-
-
Јехова ви ги изброил „сите влакна на главата“Стражарска кула 2005 | 1 Август
-
-
10. Што значат зборовите: „А вам сите влакна на главата ви се изброени“?
10 Откако го кажал примерот за врапчињата, Исус рекол: „А вам сите влакна на главата ви се изброени“ (Матеј 10:30). Оваа куса но длабока изјава уште повеќе ја нагласува поентата од примерот за врапчињата што го дал Исус. Размисли за следново: Во просек, човекот има околу 100.000 влакна на главата. Најчесто, сите влакна се исти, и ниту едно влакно не заслужува некое посебно внимание. Сепак, Јехова Бог го забележува и го брои секое влакно. Според тоа, зар има некој детаљ од нашиот живот што Јехова не го знае? Секако дека Јехова ја разбира единствената природа на секој од своите слуги. Навистина, тој „гледа што е во срцето“ (1. Самоил 16:7).
11. Како ја изразил Давид својата увереност дека Јехова се грижи за него лично?
11 Давид, за кој неволјите не биле ништо невообичаено, бил уверен дека Јехова го забележува. „Господи, ме согледуваш целиот и ме познаваш“, напишал тој. „Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли“ (Псалм 139:1, 2). И ти можеш да бидеш уверен дека Јехова те познава тебе лично (Еремија 17:10). Немој избрзано да донесеш заклучок дека ти си премногу безначаен за да те забележат Јеховините очи, кои гледаат сѐ!
-