Се сеќаваш ли?
Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
Зошто Јехова ги одобрувал војните што ги водел древниот Израел?
Јехова е полн со љубов. Сепак, во некои ситуации, кога на Израелците им се заканувала опасност, Бог дозволувал да водат војни со цел да ги заштити или да го зачува вистинското обожавање. Јехова одредувал кој да учествува во војните и кога да започнат тие (w15 1/11, стр. 4-5).
Како можат родителите да му помогнат на својот тинејџер да му служи на Јехова?
Многу е важно родителите да си ги сакаат децата и да покажуваат понизност со својот пример. Исто така, треба да бидат проникливи и да се трудат да ги разберат своите деца на тинејџерска возраст (w15 15/11, стр. 9-11).
Зошто папата не треба да се смета за наследник на Петар?
Во Матеј 16:17, 18 не пишува дека апостол Петар ќе биде глава на христијанското собрание. Библијата ни открива дека проречениот аголен камен на кој е изградено собранието е Исус, а не Петар (1. Пет. 2:4-8; w15 1/12, стр. 12-14).
Што треба да земеме предвид пред да кажеме нешто?
За да ги изградуваме другите со нашиот говор, треба да знаеме 1) кога да зборуваме (Проп. 3:7); 2) што да кажеме (Изр. 12:18); и 3) како да го кажеме тоа (Изр. 25:15; w15 15/12, стр. 19-22).
Кои нечесни работи не ги прават христијаните?
Вистинските христијани не лажат и не клеветат. Тие не кажуваат неточни и злонамерни изјави што ќе ги повредат другите. Освен тоа, не се служат со измама и не крадат (wp16.1, стр. 5).
Кои биле главните свештеници што се спомнуваат во Библијата?
Изразот „главни свештеници“ очигледно се однесува на најистакнатите членови на свештенството, вклучувајќи и поранешни првосвештеници (wp16.1, стр. 10).
Како треба да се однесуваме со некој што зема од симболите на Спомен-свеченоста?
Христијаните не ги возвишуваат оние што земаат од симболите. Оној што навистина е помазан сигурно не сака другите да го воздигнуваат, и нема да му кажува на секого што ќе го сретне дека има небесна надеж (Мат. 23:8-12; w16.01, стр. 23-24).
Како Авраам станал Божји пријател, и што учиме од тоа?
Веројатно Авраам дознал за Јехова преку Сем. Јехова го штител и го благословувал Авраам и неговото семејство. Тоа му ја зајакнало верата во Бог. Значи, знаењето за Бог и нашето искуство со него можат да ни ја зајакнат верата (w16.02, стр. 9-10).
Кој ја поделил Библијата на поглавја и стихови?
Во 13 век од н.е., свештеникот Стивен Лангтон го поделил библискиот текст на поглавја. Еврејските препишувачи го поделиле текстот од Хебрејските списи на стихови, а во 16 век изучувачот Роберт Етјен го направил истото со Христијанските грчки списи (wp16.2, стр. 14-15).
Дали Сатана дословно го однел Исус во храмот кога го искушувал?
Не можеме да го тврдиме тоа. Она што е напишано во Матеј 4:5 и Лука 4:9 би можело да значи дека Исус бил однесен таму во видение или, пак, дека дословно стоел на високо место на некој дел од храмскиот комплекс (w16.03, стр. 31-32).
Во која смисла нашата служба може да се спореди со роса?
Росата се создава постепено, таа освежува и неопходна е за живот. Дословната роса е благослов од Јехова (5. Мој. 33:13). Заедничкиот труд што Јеховините слуги го вложуваат во службата може да се спореди со роса (w16.04, стр. 4).