-
‚Бог дава да расте‘!Стражарска кула 2008 | 15 Јули
-
-
Сејачот кој спие
13, 14. а) Раскажи ја накратко Исусовата споредба запишана во Марко 4:26-29. б) Што претставува сејачот, и што е семето?
13 Во Марко 4:26-29 има уште една споредба за сејач: „Божјето царство е како кога човек фрла семе на земја, и ноќе спие и дење станува, а семето никнува и расте, а тој и не знае како. Земјата сама од себе постепено донесува плод — прво стебленце, потоа клас и, на крајот, полно зрно во класот. А штом плодот ќе созрее, тој го зема српот, зашто дошло времето за жетва“.
14 Кој е овој сејач? Некои во христијанскиот свет сметаат дека тој го претставува самиот Исус. Но, тогаш, како може да се каже дека Исус спие и не знае како расте семето? Тој сигурно е свесен како расте тоа семе! Според тоа, овој сејач, како и оној што беше спомнат во претходната споредба, ги претставува поединечните објавители на Царството, оние кои го сејат семето за Царството така што ревносно проповедаат. Семето што паѓа на земјата е речта што ја проповедаат.b
15, 16. Која вистина за дословниот и за духовниот развој ја изнел Исус во оваа споредба за сејачот?
15 Исус вели дека сејачот „ноќе спие и дење станува“. Ова не значи дека на сејачот не му е грижа што ќе биде со семето, туку само укажува на нормалниот живот што го водат повеќето луѓе. Зборовите што се користат во овој стих укажуваат на еден постојан процес при кој, во текот на одреден период, дење се работи, а ноќе се спие. Исус нагласил што се случува во тој период. „Семето никнува и расте“, вели тој, и додава: „А тој и не знае како“. Акцентот е ставен на тоа дека семето расте ‚само од себе‘.c
16 Што сакал да каже Исус со ова? Забележи дека е нагласен процесот на растење, како и фактот дека тој се одвива постепено. „Земјата сама од себе постепено донесува плод — прво стебленце, потоа клас и, на крајот, полно зрно во класот“ (Мар. 4:28). Овој процес е постепен и минува низ повеќе фази. Не може ниту да се присили ниту да се забрза. Истото важи и за духовниот развој. И тој минува низ повеќе фази додека Јехова дозволува вистината постепено да расте во срцето на искрените лица (Дела 13:48; Евр. 6:1).
17. Кој се радува кога семето на вистината ќе даде плод?
17 На кој начин сејачот има удел во жетвата „штом плодот ќе созрее“? Кога Јехова дава вистината за Царството да расте во срцата на новите ученици, на крајот тие стигнуваат до точка кога, поттикнати од љубов кон Бог, му се заветуваат и го симболизираат ова со крштавање во вода. Браќата кои и понатаму напредуваат кон зрелост постепено се во можност да преземат повеќе одговорности во собранието. На тој начин жнеат плод и сејачот, но и другите објавители на Царството, кои можеби лично не учествувале во сеењето на семето од кое „никнал“ токму тој ученик. (Прочитај Јован 4:36-38.) Значи, навистина „се радуваат заедно [и] сејачот и жетварот“.
-
-
‚Бог дава да расте‘!Стражарска кула 2008 | 15 Јули
-
-
b Порано во ова списание беше објаснето дека семето ги претставува личните особини кои треба да созреат додека во меѓувреме врз нив влијаат надворешни фактори. Сепак, треба да се забележи дека во споредбата на Исус семето не се расипува и не дава лош плод, туку едноставно созрева. (Види го српското издание на Стражарска кула од 1 октомври 1980, страници 26-29).
c Овој израз се користи на само уште едно место во Библијата, во Дела 12:10, каде што се вели дека една железна порта се отворила „сама од себе“.
-