ПОУЧЕТЕ ГИ СВОИТЕ ДЕЦА
Што можеме да научиме од еден злосторник?
Злосторникот од кој можеме да научиме нешто е човекот што гледаш дека е прикован до Исус. На овој злосторник му е многу жал за лошите работи што ги направил. Тој го замолува Исус: „Сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство“. Како што можеш да видиш на сликата, Исус зборува со овој злосторник. Дали знаеш што му кажува?—a Исус му ветува: „Вистина, ти велам денес, ќе бидеш со мене во Рајот“.
Што мислиш, каков ќе биде тој рај?— За да го добиеме точниот одговор, ајде да кажеме нешто за рајот што Бог го направил за првите луѓе, Адам и Ева. Каде бил тој рај? Дали бил на небото или на Земјата?—
Точно, тој рај бил на Земјата. Значи, кога велиме дека злосторникот ќе биде „во Рајот“, каде си го замислуваме? Се разбира, овде на Земјата, кога таа ќе стане рај. А каков ќе биде тој рај?— Ајде да видиме.
Откако Јехова Бог ги создал првите луѓе, Адам и Ева, Библијата вели дека тие живееле во рајот овде, на Земјата. Тој рај бил како градина. Можеш ли да си замислиш колку убава била таа градина?— Сигурно била поубава и од најубавото место што некогаш си го видел!
А дали и Исус ќе биде на Земјата заедно со злосторникот кој се покајал што згрешил?— Не. Исус ќе биде на небото и ќе владее како Цар над рајската Земја. Значи, Исус ќе биде со злосторникот на тој начин што ќе го воскресне и ќе се погрижи да му биде убаво во рајот на Земјата. Но, зошто Исус ќе му дозволи на некој што бил злосторник да живее во рајот?— Да видиме.
Точно е дека злосторникот направил многу лоши работи, исто како и милијарди други луѓе што живееле на Земјата. Меѓутоа, повеќето од нив биле лоши затоа што не го познавале Јехова и не биле поучени од него.
Значи, луѓето што се како злосторникот кој на столбот зборувал со Исус, ќе воскреснат во рај овде на Земјата. Тие ќе научат како да му бидат послушни на Бог. Тогаш ќе може да покажат дали го сакаат Јехова.
Знаеш ли како можат да го покажат тоа?— Така што ќе го прават она што го бара Бог. Колку ќе биде убаво да живееме во тој рај и секогаш да бидеме со луѓе што го сакаат Јехова и што се сакаат еден со друг!
Прочитај во Библијата
a Ако читаш со деца долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.