ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Родители, дајте сѐ од себе за вашите деца да станат блиски со Јехова
Родителите кои му служат на Јехова сакаат и нивните деца да станат негови верни слуги. Тие можат да им помогнат на децата така што уште од рано детство ќе се трудат да им ги всадат библиските вистини во срцето (5Мо 6:7; Из 22:6). Родители, дали ова од вас бара да бидете самопожртвувани? Се разбира. Сепак, вреди да вложите труд бидејќи можете да добиете големи благослови (3Јо 4).
Родителите можат многу да научат од примерот на Јосиф и Марија. Тие секоја година оделе во Ерусалим за да го прослават празникот Пасха, иако за тоа требало да вложат труд и материјални средства (Лк 2:41). Очигледно, на Јосиф и Марија им било најважно нивното семејство да биде блиско со Јехова. Слично е и денес. Родителите можат да ги насочуваат децата во исправен правец така што ќе ја користат секоја прилика да ги поучуваат и со своите зборови и со својот пример (Пс 127:3-5).
ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ТИЕ ЈА КОРИСТЕЛЕ СЕКОЈА ПРИЛИКА, А ПОТОА ОДГОВОРЕТЕ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Како Џон и Шерон Шилер го ставиле Царството на прво место во животот додека ги растеле своите деца?
Зошто родителите треба да го поучуваат и да го исправаат секое дете на различен начин, во склад со неговите потреби?
Како можат родителите да ги подготват своите деца да се соочат со испитите на верата?
Кои работи од нашата организација си ги користел за да им помогнеш на своите деца да станат блиски со Јехова?