-
Биди како Петар и не се откажувајСтражарска кула (за проучување) (2023) | Септември
-
-
1. Како реагирал Петар кога Исус му помогнал со чудо да улови многу риби?
ПЕТАР ловел риби цела ноќ, но не уловил ништо. Затоа се изненадил кога Исус му рекол: „Отплови таму каде што е длабоко, фрлете ги своите мрежи и ловете!“ (Лука 5:4). Петар не верувал дека ќе уловат нешто, но постапил како што му рекол Исус. Мрежите толку многу се наполниле со риби што почнале да се кинат. Кога сфатиле дека Исус тукушто направил чудо, Петар и оние што биле со него се вчудовиделе. Петар рекол: „Оди си од мене, Господару, бидејќи сум грешен човек!“ (Лука 5:6-9). Очигледно, Петар не се чувствувал достоен дури ни да биде во присуство на Исус.
2. Зошто ќе ни користи тоа што ќе го разгледаме примерот на Петар?
2 Петар имал право — тој бил „грешен човек“. Од Библијата дознаваме дека тој понекогаш правел и кажувал работи за кои подоцна се каел. Дали и ти, како Петар, се бориш со некоја своја негативна особина или веќе подолго време се трудиш да совладаш некоја своја слабост? Ако е така, тогаш многу може да те утеши тоа што ќе го проучуваш примерот на Петар. Зошто? Размисли за следново: Јехова можел да одлучи да не бидат запишани во Библијата грешките што ги направил Петар. Но, Јехова се погрижил тие да бидат запишани за наша поука (2. Тим. 3:16, 17). Тоа што ќе дознаеме нешто повеќе за овој човек кој имал слабости и чувства како нашите, ќе ни помогне да сфатиме дека Јехова не очекува совршенство од нас. Тој сака да продолжиме да му служиме и покрај нашите слабости.
-
-
Биди како Петар и не се откажувајСтражарска кула (за проучување) (2023) | Септември
-
-
4. Според Лука 5:5-10, што рекол Петар за себе, но како го охрабрил Исус?
4 Библијата не ни кажува зошто Петар за себе рекол дека е „грешен човек“ или кои гревови ги имал на ум. (Прочитај Лука 5:5-10.) Но, можеби имал направено некои сериозни грешки. Исус знаел дека Петар се плаши и дека тој страв можеби произлегува од чувство на безвредност. Исто така, Исус знаел дека Петар може да остане верен. Затоа, Исус благо му рекол: „Не плаши се“. Довербата што Исус ја покажал кон него, од корен му го сменила животот на Петар. Подоцна, тој и неговиот брат Андреј го оставиле рибарењето и постојано го придружувале Исус во службата — одлука што им донела прекрасни благослови (Мар. 1:16-18).
-