ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Користи од љубовта кон Божјата реч
    Стражарска кула 1999 | 1 Ноември
    • 7. Која илустрација им ја кажал Исус на мноштвата кои дошле да го слушаат?

      7 Важноста да се има исправно гледиште за Божјата реч е истакната во една од Исусовите параболи. Додека Исус ја објавувал добрата вест низ Палестина, мноштва се собирале за да го слушаат (Лука 8:1, 4). Меѓутоа, сите не ја сакале вистински Божјата реч. Несомнено, многумина дошле да го слушнат бидејќи сакале да ги видат чудата или затоа што уживале во неговиот чудесен начин на поучување. Затоа, Исус на мноштвата им кажал една илустрација: „Излезе сејач да сее семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа; а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага; едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод“ (Лука 8:5—8).

  • Користи од љубовта кон Божјата реч
    Стражарска кула 1999 | 1 Ноември
    • 9. Што е претставено со семето кое паѓа а) покрај патот? б) на камен? в) меѓу трње?

      9 Исус рекол дека некое семе паѓа покрај патот и е изгазено. Ова укажува на луѓето кои се толку преокупирани што семето на Царството не може да пушти корен во нивните срца. Пред да можат да развијат љубов кон Божјата реч, „доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат“ (Лука 8:12). Некое семе паѓа на камен. Ова укажува на луѓето кои се привлечени кон пораката за Царството, но не дозволуваат таа да влијае врз нивните срца. Кога наидува противење или кога им е тешко да го применуваат библискиот совет, „тие се откажуваат“ бидејќи немаат корен (Лука 8:13). Потоа, тука се и оние кои ја слушаат речта, но совладани се од ‚грижите, богатствата и насладите од овој свет‘. На крај, како и растенијата обраснати со трње, „целосно се задушени“ (Лука 8:14, NW).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели