-
Преобразувањето на Исус во сета негова славаИсус — патот, вистината и животот
-
-
Додека ги поучувал луѓето во подрачјето на Цезареја Филипова, на околу дваесет и пет километри од планината Хермон, Исус им кажал на своите апостоли нешто што ги зачудило. Тој рекол: „Вистина, ви велам, некои од оние што стојат овде нема да вкусат смрт додека не го видат Синот човечки како доаѓа како цар“ (Матеј 16:28).
Учениците сигурно се прашувале што би можело тоа да значи. Околу една седмица подоцна, Исус со себе повел тројца од апостолите — Петар, Јаков и Јован — на една висока гора. Кога стигнале веројатно веќе било ноќ, затоа што на тројцата апостоли им се спиело. Додека се молел, Исус се преобразил пред нив така што лицето почнало да му сјае како сонце, а облеката му станала бела како светлина.
-
-
Преобразувањето на Исус во сета негова славаИсус — патот, вистината и животот
-
-
Ова видение, кое било претслика за славата што Христос ќе ја добиел во Царството, сигурно многу им ја зајакнало верата и на Исус и на апостолите. Учениците го виделе „Синот човечки како доаѓа како цар“, токму како што им ветил (Матеј 16:28). На гората, тие биле „очевидци на неговата величественост“. Кога фарисеите барале од Исус знак, односно доказ дека е ветениот Цар кого го избрал Бог, тој не сакал да им даде. Но, неговите блиски ученици ја имале таа чест да го видат неговото преобразување, што уште повеќе ги уверило дека пророштвата за Царството сигурно ќе се исполнат. Затоа, Петар подоцна напишал: „Пророчката реч што ја имаме е уште посигурна“ (2. Петрово 1:16-19).
-