-
„Одете и правете ученици“„Појди по мене!“
-
-
12 Исус исто така ги поучил своите ученици да не дозволат вниманието да им биде одвлечено од неважни работи. Тој рекол: „Патем никого не поздравувајте долго, како што е обичај“ (Лука 10:4). Дали Исус ги советувал да бидат ладни и воздржани? Се разбира дека не. Во библиски времиња, поздравувањето не се сведувало само на едно „здраво“. Во вообичаениот поздрав спаѓале најразлични формалности и долги разговори. Еден библиски изучувач го вели следново: „Народите на Истокот не се поздравувале како нас — само да кимнат со главата или да се ракуваат. Напротив, тие се прегрнувале повеќепати, се клањале, па дури и паѓале ничкум наземи. За сето ова било потребно многу време“. Кога им рекол на своите ученици да не ги поздравуваат луѓето како што налагал обичајот, Исус, всушност, сакал да каже: „Мора да го искористите времето најдобро што можете, бидејќи пораката што ја носите мора итно да се пренесе“.a
-
-
„Одете и правете ученици“„Појди по мене!“
-
-
b Бидејќи повеќето негови следбеници биле во Галилеја, можеби овде станува збор за приликата кога воскреснатиот Исус им се појавил на „повеќе од петстотини“ луѓе, настан кој е опишан во Матеј 28:16-20 (1. Коринќаните 15:6). Значи, кога Исус го дал налогот да се прават ученици, можеби биле присутни стотици луѓе.
-