-
Каде и кога се родил ИсусИсус — патот, вистината и животот
-
-
По наредба на цезарот Август, императорот на Римското Царство, секој човек требало да се попише. Затоа Јосиф и Марија морало да се вратат во родното место на Јосиф, градот Витлеем, кој се наоѓал јужно од Ерусалим.
Витлеем бил преполн со луѓе што дошле да се попишат. Единственото место што Јосиф и Марија го нашле за да преноќат било една штала. Таму, на истото место каде што се чувале магариња и други животни, се родил Исус. Марија го повила Исус и го ставила во јаслите, каде што се ставало храна за животните.
Несомнено, Бог бил оној што го поттикнал цезарот Август да донесе закон за попис на населението. Зошто? За да може Исус да се роди во Витлеем, родниот град на неговиот предок, цар Давид. Уште одамна, во Библијата било проречено дека токму таму ќе се роди ветениот Владетел (Михеј 5:2).
-
-
Каде и кога се родил ИсусИсус — патот, вистината и животот
-
-
Денес, многу луѓе веруваат дека Исус се родил на 7 јануари. Но, на подрачјето на Витлеем, јануари е студен и дождлив месец. Понекогаш дури паѓа и снег. Во тоа време од годината, овчарите сигурно не би ноќевале со своите стада под ведро небо. Освен тоа, мала е веројатноста дека римскиот император би барал од народот, кој и онака бил склон да се бунтува против неговата власт, да патува среде зима за да се попише. Според тоа, Исус најверојатно бил роден во октомври.
-