-
Поканети на вечераИсус — патот, вистината и животот
-
-
„Еден човек приреди голема вечера и покани мнозина... Го испрати својот роб да им каже на поканетите: ‚Дојдете, зашто сѐ е веќе готово!‘ А сите тие редум почнаа да се изговараат. Првиот му рече: ‚Купив нива и морам да одам да ја видам. Те молам, извини ме!‘ Другиот рече: ‚Купив пет чифта говеда и одам да ги испробам. Те молам, извини ме!‘ А третиот рече: ‚Штотуку се оженив и затоа не можам да дојдам‘“ (Лука 14:16-20).
Тоа биле слаби изговори! Нивата и стоката некој обично ги гледа пред да ги купи, па затоа првите двајца од поканетите не морало да го прават тоа и откако ги купиле. Третиот веќе бил женет и немало потреба да оди и да се подготвува за венчавка. Тоа што бил женет не би требало да му претставува пречка за да прифати една толку важна покана. Кога ги слушнал нивните изговори, господарот се налутил и му рекол на својот роб:
-
-
Поканети на вечераИсус — патот, вистината и животот
-
-
Од оваа споредба се гледа дека Јехова му дал задолжение на Исус Христос да покани поединци што ќе го наследат небесното Царство. Првите што добиле таква покана биле Евреите, особено верските водачи. Повеќето од нив ја одбиле таа покана во текот на Исусовата служба на Земјата. Но, поканети биле и други. Исус јасно кажал дека во иднина ќе била упатена и втора покана, овојпат на презрените и понизни поединци од еврејскиот народ и преобратениците во еврејската вера. Потоа ќе следела трета, последна покана, и тоа за луѓе што Евреите сметале дека не се достојни за такво нешто (Дела 10:28-48).
-