-
Загубениот син се вратилИсус — патот, вистината и животот
-
-
За тоа време, постариот син бил во полето. За него Исус рекол: „Кога на враќање се приближи до куќата, чу музика и играње. Затоа повика еден од слугите и го праша што се случува. Тој му одговори: ‚Си дојде брат ти, па татко ти го закла згоениот јунец, зашто му се врати здрав‘. А тој се разгневи и не сакаше да влезе. Тогаш неговиот татко излезе и почна да го моли да влезе. А тој му рече на својот татко: ‚Еве, толку години ти робувам и ниту еднаш не ја престапив твојата заповед, а никогаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со своите пријатели. А штом дојде овој твој син, кој со блудници го изеде твојот имот, ти му го закла згоениот јунец‘“ (Лука 15:25-30).
Кој бил како постариот син? Кој му приговарал на Исус што им обрнувал внимание на обичниот народ и на грешниците и што бил милостив кон нив? Тоа биле книжниците и фарисеите. Нивните критики биле причината поради која Исус ја кажал таа споредба. Се разбира, важна поука треба да извлече и секој од нас што мисли дека некој не ја заслужува Божјата милост.
-
-
Загубениот син се вратилИсус — патот, вистината и животот
-
-
Исус не кажал што направил постариот син на крајот. Но, откако Исус умрел и воскреснал, ‚многу свештеници ја прифаќале верата‘ (Дела 6:7). Меѓу нив можеби биле и некои од оние што го слушале додека ја раскажувал споредбата за загубениот син. Дури и за нив било возможно да се вразумат, да се покаат и да се вратат кај Бог.
-