Пророштво 1: Земјотреси
„Ќе има силни земјотреси“ (ЛУКА 21:11)
● Вини, која имала 16 месеци, била извлечена од урнатините на Хаити. ТВ-екипата што известувала на лице место за тој катастрофален земјотрес, го чула нејзиниот тивок плач. Вини го преживеала земјотресот, но не и нејзините родители.
ШТО ПОКАЖУВААТ ФАКТИТЕ? Кога во јануари 2010 год. Хаити беше погоден од земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, загинаа повеќе од 300.000 лица. Други 1,3 милиони луѓе за миг останаа без покрив над главата. Иако беше многу разорен, земјотресот на Хаити не беше единствен. Во периодот од април 2009 до април 2010 год., во целиот свет имаше уште најмалку 18 поголеми земјотреси.
ВООБИЧАЕН ПРИГОВОР. Бројот на земјотреси во денешно време не е поголем од бројот на земјотреси во минатото. Разликата е во тоа што современата технологија овозможува полесно да се рашири веста за нив.
ДАЛИ ОВОЈ ПРИГОВОР ИМА ОСНОВА? Размисли за следниов факт: Библијата не става акцент врз бројот на земјотресите во последните денови, туку нагласува дека „на разни места“ ќе има „силни земјотреси“. Затоа, тие ќе бидат една впечатлива карактеристика на овој значаен период од историјата (Марко 13:8; Лука 21:11).
ШТО МИСЛИШ ТИ? Дали сме сведоци на силни земјотреси, како што било проречено во Библијата?
Можеби земјотресите сами по себе не се доволно убедлив доказ дека живееме во последните денови. Сепак, тие се само едно од пророштвата што се исполнуваат пред наши очи. Да разгледаме уште едно пророштво.
[Истакната мисла на страница 4]
„Ние [геофизичарите] ги нарекуваме силни земјотреси. Сите други ги нарекуваат ужасни земјотреси“ (КЕН ХАДНЕТ, ГЕОЛОШКИ ИНСТИТУТ НА САД)
[Извор на слика на страница 4]
© William Daniels/Panos Pictures