-
„Тешете го, Мојот народ“Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
5, 6. а) Зошто долгиот пат од Вавилон до Ерусалим нема да го спречи исполнувањето на Божјето ветување? б) Како ќе влијае врз другите нации враќањето на Евреите во нивната татковина?
5 Патот од Вавилон до Ерусалим е долг 800 до 1.600 километри, зависно од рутата по која ќе се оди. Дали долгиот пат ќе го спречи исполнувањето на Божјето ветување? Во никој случај! Исаија пишува: „Глас вика [Слушајте! Некој вика во пустелијата, NW]: ‚Пригответе Му на Господа [Јехова, NW] пат низ пустината. Израмнете ја патеката на нашиот Бог во степата. Нека се издигне секоја долина, нека се спушти секоја гора и бреже. Што е нерамно, нека се израмни, стрмнините нека станат рамни. Тогаш ќе се открие Славата Господова, и секое тело ќе ја види, зашто Господовата уста зборуваше‘“ (Исаија 40:3—5).
6 Пред да тргнат на пат, владетелите од Исток честопати испраќале луѓе за да го подготват патот отстранувајќи големи камења, па дури и градејќи насипи и израмнувајќи ридови. Во случајот на еврејските повратници, тоа ќе биде како Бог лично да е на чело, расчистувајќи ја секоја препрека. Впрочем, ова е народ на Јеховиното име, и исполнувањето на неговото ветување да го врати во неговата татковина ќе ја направи неговата слава видлива за сите нации. Сакале или не, тие нации ќе бидат принудени да видат дека Јехова е Оној што ги исполнува своите ветувања.
7, 8. а) Какво исполнување имале зборовите од Исаија 40:3 во првиот век н.е.? б) Какво поголемо исполнување имало пророштвото на Исаија во 1919 година?
7 Обновата во шестиот век пр.н.е. не била единственото исполнување на ова пророштво. Имало едно исполнување и во првиот век н.е. Јован Крстител бил гласот на некој кој „вика во пустелијата“, во исполнување на Исаија 40:3 (Лука 3:1—6). Под инспирација, Јован ги применил на себеси зборовите на Исаија (Јован 1:19—23). Од 29 н.е., Јован започнал да го подготвува патот за Исус Христос.a Она што Јован однапред го објавувал, го подбудило народот да го бара ветениот Месија за да може, од своја страна, да го слуша и да го следи (Лука 1:13—17, 76). Преку Исус, Јехова ќе ги води покајниците до слободата која само Божјето Царство може да ја обезбеди — ослободување од ропството на гревот и смртта (Јован 1:29; 8:32). Поголемото исполнување на зборовите на Исаија настапило во 1919 кога остатокот од духовниот Израел бил избавен од Големиот Вавилон и го обновил вистинското обожавање.
-
-
„Тешете го, Мојот народ“Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
-
-
a Исаија го претскажува подготвувањето на патот пред Јехова (Исаија 40:3). Меѓутоа, евангелијата го применуваат ова пророштво на она што Јован Крстител го сторил подготвувајќи го патот за Исус Христос. Инспирираните писатели на Христијанските грчки списи ја дале таквата примена затоа што Исус го претставувал својот Татко и дошол во Негово име (Јован 5:43; 8:29).
-