-
Сигурна надеж за мртвитеКога ќе умре некој што го сакаш
-
-
‚Бог ќе пожела‘
Исусовата реакција на Лазаровата смрт открива една многу нежна страна на Божјиот Син. Неговите длабоки чувства во оваа прилика јасно укажуваат на неговата силна желба да ги воскресне мртвите. Читаме: „Марија, штом пристигна таму, каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: ‚Господи, да беше Ти овде, немаше да умре брат ми‘. Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се возмути, па рече: ‚Каде сте го положиле?‘ Му рекоа: ‚Господи, дојди и види!‘ Исус просолзи. Тогаш Јудејците рекоа: ‚Гледај, колку го милувал‘“ (Јован 11:32-36).
Исусовото искрено сочувство овде е прикажано преку три изрази: „се натажи“, „се возмути“ и „просолзи“. Зборовите на првобитниот јазик, што се употребени за да се запише оваа трогателна сцена, покажуваат дека Исус бил толку длабоко потресен од смртта на својот драг пријател Лазар и од тагата на Лазаровите сестри, што во очите му навреле солзи.a
-