-
Повторно раѓање — колку е важно?Стражарска кула 2009 | 1 Април
-
-
Забележи како Исус нагласил колку е важно повторното раѓање додека зборувал со Никодим. Тој рекол: „Ако некој не се роди повторно, не може да го види Божјето царство“ (Јован 3:3). Зборовите „ако“ и „не може“ покажуваат дека повторно раѓање е неопходно. Да го објасниме тоа со еден пример. Кога некој ќе рече: „Ако не грее сонцето, не може да има светлина“, тој мисли дека сончевите зраци се неопходни за да има светлина. Слично на тоа, Исус рекол дека е сосема неопходно некој да биде повторно роден за да го види Божјето царство.
-
-
Повторно раѓање — лична одлука?Стражарска кула 2009 | 1 Април
-
-
Ако внимателно ги прочитаме Исусовите зборови, ќе видиме дека Исус не сакал да каже дека секој човек сам треба да одлучи дали ќе биде повторно роден. Зошто го велиме ова? Грчкиот израз преведен со „да се роди повторно“ може да се преведе и како „треба да се роди одозгора“.a Така, според еден друг превод, повторното раѓање доаѓа „одозгора“ — односно „од Таткото“ (Јован 19:11; Јаков 1:17). Значи, тоа доаѓа од Бог (1. Јованово 3:9).
-