-
„Темелно им сведочеше“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
„Им го проповедаше Божјето царство“ (Дела 28:30, 31)
19. Како Павле го искористил најдобро што можел времето што го поминал во куќен притвор?
19 Лука го завршува својот извештај со многу позитивни и охрабрувачки зборови: „[Павле] остана полни две години во куќата што ја изнајми, каде што со задоволство ги примаше сите што доаѓаа кај него и им го проповедаше Божјето царство и поучуваше за Господарот Исус Христос со сета слобода и без никакви пречки“ (Дела 28:30, 31). Каков извонреден пример на гостољубивост, вера и ревност!
20, 21. Наведи некои лица врз кои позитивно влијаела службата на Павле во Рим.
20 Еден од оние што Павле љубезно ги примил бил и Онисим, побегнат роб од Колоси. Павле му помогнал на Онисим да стане христијанин, а Онисим, за возврат, му станал „верен и сакан брат“. Всушност, Павле го опишува како „моето дете... кому... му станав татко“ (Кол. 4:9; Филим. 10-12). Онисим сигурно му бил вистински извор на радост!a
21 Добриот пример на Павле влијаел позитивно и врз други лица. Тој им напишал на Филипјаните: „Ова што ми се случува, всушност, помага да се шири добрата вест, така што меѓу целата царска телесна стража и меѓу сите останати стана познато дека сум во окови поради верата во Христос. А и повеќето браќа во Господарот се охрабрија поради моите окови, па уште посмело, без страв, ја зборуваат речта Божја“ (Фил. 1:12-14).
-
-
„Темелно им сведочеше“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
25, 26. Кое извонредно пророштво се исполнило пред очите на Павле за неполни 30 години, и како ова пророштво се исполнува и во нашево време?
25 Еден апостол на Христос кој се наоѓа во куќен притвор го проповеда Божјето Царство на сите што доаѓаат кај него — колку охрабрувачка завршница на возбудливата книга Дела! Во првото поглавје, го прочитавме налогот што Исус им го дал на своите следбеници кога им рекол: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас, и ќе ми бидете сведоци во Ерусалим, во цела Јудеја и Самарија и сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Неполни 30 години подоцна, пораката за Царството се проповедала „меѓу сите суштества под небото“d (Кол. 1:23). Колку силно сведоштво за моќта на Божјиот дух! (Зах. 4:6).
-