-
За собранието „настапи време на мир“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
12 Ананија послушно прифатил една задача, и бил благословен. Дали и ти си послушен на заповедта да сведочиш темелно, иако можеби понекогаш тоа малку те плаши? Некои навистина ги плаши помислата дека треба да одат од куќа до куќа и да разговараат со непознати луѓе. На други им е тешко да им проповедаат на луѓето на деловни подрачја, на улица, преку телефон или преку писма. Ананија го победил стравот, и имал чест да му помогне на Савле да добие свет дух.b Тој имал успех затоа што покажал доверба во Исус и гледал на Савле како на свој иден брат. И ние можеме да го победиме стравот ако, слично на Ананија, имаме доверба дека Исус го води проповедањето, ако се соживуваме со луѓето и ако ги гледаме како потенцијални браќа дури и оние од кои најмногу се плашиме (Мат. 9:36).
-
-
За собранието „настапи време на мир“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
b Јехова главно ги користел апостолите за да ги пренесе даровите на светиот дух. Но, во оваа посебна ситуација, изгледа дека Исус го овластил Ананија да му ги пренесе даровите на духот на Савле. Откако се преобратил, поминало доста време пред Савле да се сретне со некој од 12-те апостоли. Сепак, не седел со скрстени раце, туку проповедал, најверојатно за сето тоа време. Затоа Исус очигледно се погрижил Савле да ја добие силата што му била потребна за да ја изврши својата проповедничка задача.
-