-
„Ќе ми бидете сведоци“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
14, 15. а) Што рекле ангелите во врска со враќањето на Христос, и што сакале да кажат со тоа? (Види ја и фуснотата.) б) Во која смисла Исус се вратил „на истиот начин“ како што си заминал?
14 Како што беше спомнато во почетокот на ова поглавје, Исус се подигнал од земјата, и 11-те апостоли не можеле повеќе да го видат. Сепак, тие останале да стојат и да гледаат во небото. На крајот им се појавиле двајца ангели и благо ги прекориле, велејќи: „Луѓе Галилејци, зошто стоите и гледате кон небото? Овој Исус, кој е земен од вас на небото, ќе дојде на истиот начин како што го видовте дека заминува на небо“ (Дела 1:11). Дали ангелите сакале да кажат дека Исус ќе се врати во истото тело, како што поучуваат некои верски лица? Не. Од каде знаеме?
15 Ангелите не рекле дека Исус ќе се врати во истиот облик, туку „на истиот начин“.b А на кој начин си заминал? Кога се појавиле ангелите, тој веќе не се гледал. Всушност, само тие неколку луѓе — апостолите — биле свесни дека Исус си заминал од Земјата кај својот Татко на небото. Христос требало да се врати на сличен начин. Така и било. Денес, само оние што ја разбираат Библијата и го сфаќаат значењето на нашево време се свесни дека Исус е присутен како Цар (Лука 17:20). Ние треба да ги препознаеме доказите за неговата присутност и да им ги кажеме и на другите за да сфатат колку е итно да преземат нешто.
-
-
„Ќе ми бидете сведоци“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
b Овде Библијата го користи грчкиот збор „тропос“, што значи „начин“, а не „морфи“, што значи „облик“.
-