-
„Јеховината реч сѐ повеќе растеше“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
19, 20. а) Зошто Јехова го казнил Ирод? б) Каква утеха црпиме од извештајот за ненадејната смрт на Ирод?
19 Славата му припаѓа само на Бог, а Тој го гледал сето тоа! Ирод имал шанса да го избегне она што се случило потоа. Можел да го прекори народот или барем да каже дека не се согласува со нивните зборови. Наместо тоа, на него, во вистинска смисла на зборот, се исполнила изреката: „Гордоста оди пред пропаста“ (Изр. 16:18). Веднаш го удрил Јеховиниот ангел, и тој надуен и самобендисан владетел умрел на ужасен начин. Библијата вели: „Го изедоа црви и издивна“ (Дела 12:23). И Јосиф известува дека Агрипа ненадејно паднал болен и додава дека царот заклучил оти умира затоа што го прифатил ласкањето на народот. Јосиф пишува дека Агрипа се мачел пет дена пред конечно да издивне.b
-
-
„Јеховината реч сѐ повеќе растеше“,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
-
-
b Еден лекар и автор напишал дека симптомите што ги опишуваат Јосиф и Лука можеби биле предизвикани од детски глисти кои создале смртоносна блокада во цревата. Понекогаш, болниот повраќа такви црви, или пак му излегуваат од телото при смртта. Во една книга се вели: „Тоа што Лука точно опишува што му се случило, како што обично би направил еден лекар, живо ни ја доловува ужасната смрт на [Ирод]“.
-