-
Да ја браниме нашата вераСтражарска кула 1998 | 1 Декември
-
-
12. Какви биле околностите кои ги поттикнале Павле и Варнава смело да зборуваат во Иконија?
12 Исто така, разгледај го примерот на Павле и Варнава. Дела 14:1, 2 наведува: „Во Иконија се случи тие заедно да влезат во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа. А Јудејците, што не веруваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата“. The New English Bible вели: „Но, непреобратените Евреи ги побунија паганите и ги затруја нивните умови против христијаните“. Незадоволни од тоа што самите тие ја отфрлиле пораката, еврејските противници се зафатиле со една клеветничка кампања, обидувајќи се кај нееврејското население да создадат предрасуди против христијаните.a Колку само мора да била длабока нивната омраза кон христијанството! (Спореди Дела 10:28.) Павле и Варнава сметале дека тоа е „време кога се зборува“ за да не се обесхрабрат новите ученици поради јавниот прекор. „Тие [Павле и Варнава] сепак останаа тука доста време и говореа отворено за Господа“, кој го покажал своето одобрување така што ги овластил да извршуваат чудесни знаци. Како резултат на тоа, некои ‚биле со Јудејците, а други со апостолите‘ (Дела 14:3, 4).
-
-
Да ја браниме нашата вераСтражарска кула 1998 | 1 Декември
-
-
a Matthew Henry’s Commentary on the Whole Bible објаснува дека еврејските противници „си поставиле задача намерно да одат кај таквите [пагани] со кои едвај се познавале и да кажуваат сѐ што нивниот ум или злоба можеле да измислат, да зачнат во нив не само презирно туку и лошо мислење за христијанството“.
-