Интензивно вработени со добрата вест
АПОСТОЛ Павле бил во положба која не им е непозната на Јеховините сведоци кои се полновремени слуги — бил со скромни парични средства. Така во Коринт се бавел со понизното правење шатори, занает кој го научил како младинец. Работата била тешка и со тек на времето неговите раце можеби крвавеле поради обработката на грубата ткаенина за шатори. Примањето ја обезбедувало само неговата храна и облека. Но тој бил задоволен бидејќи кога неговата светска работа ќе завршела секој ден, ги одлагал алатките на својот занает и го правел она поради кое првенствено и дошол во Коринт — ја проповедал добрата вест! (Филипјаните 4:11, 12).
На Сабатните денови Павле одел во синагогата. Вистина, Павле прво им пристапил на коринтските слушатели ”во слабост, и во страв и во големо треперење“ (1. Коринтјаните 2:1, 3, NW). Но поттикнат од реакцијата на некои од своите пораки, Павле одел и ”секоја сабота расправал во синагогата и настојувал да ги придобие Евреите и Грците“ (Дела на апостолите 18:1-4, NW).
Сепак, едно време Павле можел да проповеда само нешто повеќе од неколку часа. Тогаш дошле Сила и Тимотеј од Македонија со великодушен придонес ’да ја употполнат неговата немаштија‘ (2. Коринтјаните 11:9; Филипјаните 4:15). Од срце биле охрабрувачки и вестите дека браќата во Солун биле цврсти и покрај прогонството (1. Солунјаните 3:6).
Како делувало тоа на Павле? ”Павле започнал интензивно да биде вработен со речта [”го посветувал сето свое време на проповедањето“, The Jerusalem Bible; Today’s English Version], сведочејќи им на Евреите за да им докаже дека Исус е Месијата“ (Дела на апостолите 18:5, NW). Ослободувајќи се за некое време од финансискиот притисок, Павле не можел да се смири сѐ додека не му се вратил на полновременото проповедање. Му се вратил на тоа дело со особен жар, не проповедајќи им само на Евреите, туку дури си зел време да го напише првото од своите инспирирани писма — посланието до Солунјаните.
Пример за нас денес
Записот од Павловата интензивна работа во Коринт е сочувана за да сите христијани бидат интензивно вработени со добрата вест. Павле јасно спознал дека самиот Господ Исус им ја пренел на своите ученици високата чест да бидат ”светлина на светот“. Тие не требало да ја кријат таа светлина. Исус им рекол: ”Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни“ (Матеј 5:14-16). Тоа значело да имаат потполн удел во јавното проповедање кое го прорекол Исус (Матеј 24:14; 28:19, 20; Дела на апостолите 1:6-8). Проповедањето на оваа добра вест за Царството било главаната причина за постоење на христијанското собрание.
Првите христијани, како Павле, сериозно го прифатиле делото на проповедање. Така, кога непријателите на Бог сметале дека го изгаснале светлото на вистината кога сурово го убиле ”главниот посредник на животот“, неговите следбеници продолжиле да бидат светлина на светот, проповедајќи одлучно (Дела на апостолите 3:15, NW). Дури ниту прогонството не ги згаснало нивните настојувања. Библискиот извештај наведува: ”И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат, и да го проповедаат Евангелието за Исуса Христа“ (Дела на апостолите 5:42). Ништо не можело да ги задржи!
Во модерно време, христијаните исто така интензивно се вработени со активностите на сведочење. Кон крајот на 19. век, совесните истражувачи на Божјата реч почнале да ја увидуваат потребата да им ги пренесуваат библиските вистини на другите. Zion’s Watch Tower Tract Society (Трактатното друштво Сионска Стражарска кула) — организација која станала интернационална во подрачјето на делувањето — законски било конституирано во 1884. Овие Истражувачи на Библијата, од 1931 познати како Јеховини сведоци, дословно ја наполниле Земјата со спознанието на Божјта реч. Од нивната интензивна активност произлегла голема војска која брои повеќе од четири милиони. И нема сомнение дека нивниот број ќе продолжи да се зголемува под Јеховино водство (Исаија 60:22).
Дали го вложуваш својот дел?
Исус рекол: ”Жетвата е голема, а работници малку“ (Матеј 9:37, 38). Во 1990 година ското десет милиони луѓе ја посетила Спомен-свеченоста по повод Исусовата смрт. Колку прекрасна можност постои за зголемување на жетвата ширум светот! Но, додека се радуваме на ова постојано зголемување, секој од нас мора самиот да се праша: ’Во која мерка јас учествувам во ова значајно дело? Дали го правам тоа редовно — секоја седмица ако е тоа можно?‘
Старешините мораат да преземат водство во ова дело како ’примери на стадото‘ (1. Петрово 5:3). Вистина, повеќето старешини имаат светско вработување. Така работел и апостол Павле додека бил во Коринт. Сепак, тој одвоил време за редовна проповедничка активност. Многу старешини и денес, слично на тоа, интензивно се вработени со духовни активности за време викендот. Тоа може да има силно влијание врз сите во собранието. Во некои месеци, кога се вложува посебен напор, приличен број собранија имаат поголем дел од своите објавители во пионерска служба. Во што е тајната? Старешините преземаат водство и во проповедањето и во организирањето на подготовките за служба на подрачјето.
Слугите помошници можат исто така да имаат корисно влијание на собранието ако редовно учествуваат во службата на проповедање. Запомни, Библијата бара ’оние кои вршат ѓаконска служба да бидат сериозни‘ (1. Тимотеево 3:8, 13, Ст). Верноста во службата на проповедање е неопходна за браќата за да се оспособат како старешини така и слуги помошници (Тит 1:8, 9).
Како Павле, некои можат да работат помалку на светската работа и така да бидат поинери. Бројот на општи, помошни и посебни пионери нараснал од 137 861 пред само десетина години на 536 508 во 1990. Сигурно дека само Јеховиниот благослов и одобрување можеле да доведат до тоа. Сепак пионерите мораат да водат грижа мудро да го користат времето, не да проповедаат многу часови само заради добриот извештај. Пионери, дали сте добро подготвени и делотворни во службата? Дали се трудите непрестајно да се подобрувате така што вашата служба да биде навистина плодна?
Награди за урамнотежената служба
Дали ја цениш живото-одржувачката информација која ја нудат секој месец Стражарска кула и Пробудите се! ? Без сомнение. Дали твоето ценење те покренува да имаш удел во растурањето на тие списанија? Една сестра од Боцвана го правела тоа. Порано била противник на вистината, а сопругот ѝ ги читал списанијата. Со време, таа се променила во срцето и станала Сведок. Иако не знаела да чита, многу е успешна во делењето на списанија и вели: ”Не умеам да читам; но мојот сопруг ми ги чита овие списанија. Уживам во нив, а сигурна сум дека и вие ќе уживате.“
Зошто да не се биде вклучен секоја седмица во ова животоспасувачко дело? Штом ќе имаш духовни предуслови, христијанското собрание ќе ти помогне да почнеш. Меѓутоа, делењето на списанија е само едно обележје на службата. Секој кој е интензивно вработен со добрата вест се труди да биде урамнотежен во службата. На пример, Друштвото Стражарска кула објавува милиони книги кои се нудат на јавноста како траен извор на добра духовна храна. Дали си станал доволно вешт во својата служба на делење книги, како што е Ти можеш заувек да живиш у рају на Земљи?
А што е со луѓето кои покажуваат интерес? Дали водиш добри забелешки за да можеш да направиш повторна посета кај нив? Таквите посети можат да водат до облик на служба кој на сите им донесува најголема радост — домашна библиска студија. Сети се, Исус заповедал во Матеј 28:19, 20 да се прават ученици и да се крстат. Тоа значи да се проучува Библијата со нив. Вистина, започнувањето на студијата бара често истрајност. Еден Сведок запознал една постара брачна двојка која срдечно се согласила на домашна библиска студија. Но ја одложувале студијата три недели едноподруго. Најпосле студијата започнала. Тогаш, едно време брачната двојка ја прекинувала студијата скоро секоја втора седмица. Конечно, и покрај сето тоа, жената напредувала до крштение. ”Откако беше крстена”, се присеќава братот, ”нејзините очи беа исполнети со солзи од среќа, кои предизвикаа солзи и кај мојата жена и кај мене.“ Да, интензивната вработеност со добрата вест донесува неопислива радост!
Стави се на располагање!
Исус Христос и апостол Павле ни пружиле одлични примери за оддаденост кои можеме да ги имитираме. И ние имаме прекрасни примери меѓу Јеховините сведоци во модерно време. Времето е стасано за сите оние кои ја знаат добрата вест да станат потполно активни во објавувањето на другите. Библијата ни гарантира дека секој таков напор ’не е залуден‘ (1. Коринтјаните 15:58).
Како Павле, многумина се среќаваат со финансиски обврски. Поради тоа, многумина можеби не можат да бидат пионери. Но со Јеховина помош, сите можат да го следат добриот совет од Римјаните 12:11: ”Не бидете мрзливи во својата работа. Бидете огнени во духот. Служете како робови на Јехова“ (NW). И ако околностите се променат овозможувајќи да се биде повеќе време во Јеховината служба, секој кој вистински го љуби Јехова, како Павле, ќе ја прифати таа можност. Биди интензивно вработен со добрата вест! Правејќи така ќе собереш благослови не само сега, туку тоа ќе те доведе до вечен живот со бескрајна радост и среќа! (Матеј 19:28, 29).