-
„Во опасност по море“Стражарска кула 1999 | 15 Март
-
-
Рим зависел од бродската индустрија и заради своите резерви на храна. Со население од околу еден милион жители, Рим имал огромни потреби од жито — некаде меѓу 250.000 и 400.000 тони годишно. Од каде доаѓало сето тоа жито? Јосиф Флавиј го цитира Ирод Агрипа II кој забележува дека осум месеци во годината Рим го хранела Северна Африка, додека Египет испраќал жито кое било доволно за да се прехрани градот во останатите четири месеци. Во снабдувањето на тој град со жито биле вклучени илјадници морски бродови.
-
-
„Во опасност по море“Стражарска кула 1999 | 15 Март
-
-
Што може да се рече за бродот кој доживеал бродолом на Малта, на кој се наоѓал и Павле? Тоа бил брод за жито, ‚една александриска лаѓа, која пловела за Италија‘ (Дела 27:6, фуснота NW). Флотите за жито биле приватна сопственост на Грци, Феникијци и Сиријци, кои командувале со нив и ги опремувале. Меѓутоа, бродовите ѝ биле изнајмувани на државата. „Од начинот на кој ги собирала даноците“, вели историчарот Вилијам М. Ремсеј, „владата сфатила дека е полесно да ја даде работата на договарачи отколку да ја организира огромната машинерија од луѓе и опрема која била потребна за таа голема служба.“
-