-
Кој е Бог?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
4. Јехова сака да го знаеш и да го користиш неговото име
Што покажува дека Јехова сака да го знаеш неговото име? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
Што мислиш, зошто Јехова сака да го знаеме неговото име?
Јехова сака луѓето да го користат неговото име. Прочитај Римјаните 10:13, а потоа разговарајте за следниве прашања:
Зошто е важно да го користиме Божјето име, Јехова?
Како се чувствуваш кога некој го памти и го користи твоето име?
Што мислиш, како се чувствува Јехова кога го користиш неговото име?
-
-
Како многуте религии го прикажуваат Бог во лошо светло?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
1. Како лажните религии го прикажуваат Бог во лошо светло со своите учења?
Лажните религии ја замениле „Божјата вистина со лага“ (Римјаните 1:25). На пример, повеќето религии не ги поучуваат своите верници дека Бог има име. Меѓутоа, Библијата вели дека Божјето име мора да се користи (Римјаните 10:13, 14). Кога ќе се случи нешто лошо, некои верски водачи велат дека тоа е Божја волја. Но, тоа е лага. Бог никогаш не ги предизвикува лошите работи. (Прочитај Јаков 1:13.) За жал, поради религиозните лаги, луѓето се оддалечиле од Бог.
-