-
Како многуте религии го прикажуваат Бог во лошо светло?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
1. Како лажните религии го прикажуваат Бог во лошо светло со своите учења?
Лажните религии ја замениле „Божјата вистина со лага“ (Римјаните 1:25). На пример, повеќето религии не ги поучуваат своите верници дека Бог има име. Меѓутоа, Библијата вели дека Божјето име мора да се користи (Римјаните 10:13, 14). Кога ќе се случи нешто лошо, некои верски водачи велат дека тоа е Божја волја. Но, тоа е лага. Бог никогаш не ги предизвикува лошите работи. (Прочитај Јаков 1:13.) За жал, поради религиозните лаги, луѓето се оддалечиле од Бог.
-
-
Како се проповеда добрата вест?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
Преку своето Царство, Јехова наскоро ќе ги отстрани сите наши проблеми. Оваа вест е толку добра што треба секој да ја слушне! Исус сакал неговите следбеници да ја споделат оваа порака со сите луѓе (Матеј 28:19, 20). Дали Јеховините сведоци се послушни на Исусовата заповед?
1. Како денес се исполнува Матеј 24:14?
Исус прорекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет“ (Матеј 24:14). Јеховините сведоци се радосни што учествуваат во ова важно дело. Ние ја проповедаме добрата вест низ целиот свет на преку 1.000 јазици! За ова огромно дело се потребни многу труд и голема организираност, и тоа не би можело да се изврши без Јеховината помош.
2. Колкав труд вложуваме за да им проповедаме на луѓето?
Проповедаме секаде каде што има луѓе. Исто како христијаните од првиот век, и ние проповедаме „од куќа до куќа“ (Дела 5:42). Благодарение на овој организиран и темелен пристап, секоја година водиме разговори со милиони луѓе. Но, бидејќи луѓето не се секогаш дома, проповедаме и на јавни места. Се трудиме да ја искористиме секоја можност за да им кажеме на другите за Јехова и за неговата намера.
3. Кој има одговорност да ја проповеда добрата вест?
Секој вистински христијанин треба да им ја проповеда добрата вест на другите. За нас ова е важна одговорност. Ние проповедаме колку што можеме повеќе бидејќи знаеме дека во прашање се животите на луѓето. (Прочитај 1. Тимотеј 4:16.) Ние не сме платени за ова дело. Библијата вели: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:7, 8). Иако сите не ја прифаќаат добрата вест, ние не се откажуваме. Зошто? Бидејќи на тој начин покажуваме дека сме му послушни на Јехова и го радуваме неговото срце.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе видиш како Јеховините сведоци проповедаат низ целиот свет и како Јехова им помага во тоа.
4. Даваме сѐ од себе за да им проповедаме на сите луѓе
Јеховините сведоци вложуваат голем труд за да им ја проповедаат добрата вест на луѓето по целиот свет. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
Што ти остави впечаток во врска со сиот труд што го вложуваат Јеховините сведоци во проповедањето?
Прочитај Матеј 22:39 и Римјаните 10:13-15, а потоа разговарајте за овие прашања:
Како со нашата служба покажуваме дека ги сакаме луѓето?
Како гледа Јехова на оние што ја проповедаат добрата вест? (Види го стих 15.)
5. Ние сме Божји соработници
Многу искуства покажуваат дека Јехова го води проповедничкото дело. Да разгледаме еден пример од Нов Зеланд. Едно попладне додека проповедал од куќа до куќа, еден брат по име Пол сретнал една жена. Истото тоа утро, таа му се молела на Бог користејќи го неговото име, Јехова, и во молитвата побарала некој да ја посети. Пол вели: „Само три часа откако таа му се помолила на Јехова, јас бев на нејзината врата“.
Прочитај 1. Коринќаните 3:9, а потоа разговарајте за ова прашање:
Како искуствата, како што е ова од Нов Зеланд, покажуваат дека Јехова го води проповедничкото дело?
Прочитај Дела 1:8, а потоа разговарајте за ова прашање:
Зошто ни е потребна помошта од Јехова во службата на проповедање?
Дали си знаел?
Секоја седмица, на состанокот што се одржува во работен ден добиваме обука за службата на проповедање. Ако си присуствувал на ваков состанок, што мислиш за таа обука?
6. Ние проповедаме затоа што сме послушни на Божјата заповед
Во првиот век, некои противници се обиделе да ги спречат следбениците на Исус да проповедаат. Но, првите христијани по законски пат го бранеле своето право да ја проповедаат добрата вест (Филипјаните 1:7). Истото го прават и Јеховините сведоци денес.a
Прочитај Дела 5:27-42, а потоа разговарајте за ова прашање:
Зошто не престануваме да проповедаме? (Види ги стиховите 29, 38 и 39.)
АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто Јеховините сведоци одат од врата до врата?“
Што би му одговорил?
ШТО НАУЧИ:
Исус им заповедал на своите следбеници да им ја проповедаат добрата вест на луѓето од сите народи. Јехова му помага на својот народ да го изврши ова дело.
Како би одговорил?
Како добрата вест се проповеда по целиот свет?
Како со нашата служба покажуваме дека ги сакаме луѓето?
Што мислиш, дали проповедањето може да ти донесе радост? Зошто мислиш така?
ИСТРАЖУВАЈ
Види како Јеховините сведоци проповедаат во големите градови.
Како Јеховините сведоци им проповедаат на бегалците?
Дознај зошто една жена е среќна што го посветила својот живот на проповедањето.
Прочитај за некои значајни пресуди кои придонеле слободно да се проповеда добрата вест.
„Законско потврдување на нашето право да проповедаме“ (Божјето Царство владее!, поглавје 13)
a Самиот Бог нѐ овластил да проповедаме. Затоа, не ни е потребна дозвола од човечки власти за да ја проповедаме добрата вест.
-