-
Внимавај да не те измами срцето!Еремија и Божјата порака за нас
-
-
7 Некој христијанин денес може да се залажува дека тој никогаш нема да дозволи неговото срце да го измами, како што дозволиле мнозина во времето на Еремија. Но, би можел да си рече: ‚Јас морам да работам за да си го издржувам семејството‘. И нема ништо погрешно во тоа. Потоа можеби ќе помисли: ‚За да земам пристојна плата, ми треба додатно школување‘. И тоа може да изгледа разумно. На крајот, би можел да заклучи: ‚Времињата се сменија и, за да си ја задржиш работата и да преживееш, мора да имаш факултет‘. Колку лесно може човек да почне да ги потценува мудрите и урамнотежени совети што ги дава верниот и разборит роб за високото и дополнителното образование и да почне да ги пропушта состаноците! Во врска со ова, некои постепено дозволиле врз нив да влијаат размислувањето и ставовите на светот (Еф. 2:2, 3). Библијата јасно нѐ предупредува: „Не дозволувајте светот околу вас да ве набие во својот калап“ (Рим. 12:2, Phillips).a
-
-
Внимавај да не те измами срцето!Еремија и Божјата порака за нас
-
-
a Во фуснота за овој стих, еден превод на Библијата вели: „Човек донекаде потсвесно го дозволува тоа. Но... може, во одредена мера, и да е свесен дека светот влијае врз него. Најверојатно и свеста и потсвеста играат одредена улога“ (NET Bible, 2005).
-