ЛЕКЦИЈА 01
Како може да ти помогне Библијата?
Речиси секој од нас има прашања во врска со животот, страдањата, смртта и иднината. Исто така, загрижени сме за секојдневни работи, на пример, како да заработиме доволно за живот и како нашето семејство да биде среќно. Многу луѓе сфатиле дека во Библијата се наоѓа одговорот на најважните животни прашања, но и дека во неа има практични совети за секојдневниот живот. Навистина, Библијата може да му помогне на секого од нас.
1. На кои прашања дава одговор Библијата?
Библијата дава одговор на овие важни прашања: Како настанал животот? Која е смислата на животот? Зошто луѓето страдаат? Што се случува кога некој ќе умре? Зошто во светот има толку многу војни? Каква е иднината на нашата планета? Милиони луѓе се среќни бидејќи го нашле одговорот на овие прашања во Библијата.
2. Како може Библијата да ни помогне да му се радуваме на животот?
Во Библијата има корисни совети. На пример, таа може да ни помогне да имаме среќно семејство, подобро да се справиме со стресот и да научиме да уживаме во нашата работа. Додека заедно го разгледуваме овој материјал, ќе дознаеш што вели Библијата за овие и за многу други работи. На крајот, веројатно и ти ќе се согласиш дека „целото Писмо [односно сѐ што пишува во Библијата] е... корисно“ (2. Тимотеј 3:16).
Оваа публикација не е замена за Библијата. Напротив, таа те поттикнува да ја истражуваш Библијата. Затоа, би било добро да ги прочиташ стиховите кои се наведени во овие лекции и да размислиш како тие се поврзани со она што го учиш.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш како Библијата им помогнала на некои луѓе, како може читањето на Библијата да ти биде поинтересно и зошто е добро некој да ти помогне да ја разбереш.
3. Библијата може да ни даде мудро водство
Библијата е како една батериска ламба што ни го осветлува патот. Таа може да ни помогне да носиме мудри одлуки и ни открива што ни носи иднината.
Прочитај Псалм 119:105, а потоа разговарајте за следниве прашања:
Што мислел за Библијата писателот на овој псалм?
Што мислиш ти за Библијата?
4. Библијата може да ни даде одговор на нашите прашања
Една жена имала прашања кои ја измачувале со години. Таа го нашла одговорот во Библијата. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:
Кои прашања ја измачувале оваа жена?
Како ѝ помогнало тоа што ја проучувала Библијата?
Библијата нѐ поттикнува да поставуваме прашања. Прочитај Матеј 7:7, а потоа разговарајте за следново:
Дали имаш некои прашања на кои Библијата би можела да ти даде одговор?
5. Читањето на Библијата може да ти биде интересно
Многу луѓе со задоволство ја читаат Библијата бидејќи се свесни дека тоа многу им користи. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:
Што мислат младите од овој видеоклип општо за читањето?
Зошто тие сакаат да ја читаат Библијата?
Библијата вели дека нејзините поуки можат да ни дадат утеха и надеж. Прочитај Римјаните 15:4, а потоа разговарајте за следново прашање:
Дали би сакал да дознаеш нешто повеќе за тоа како Библијата може да ти даде утеха и надеж?
6. Други можат да ни помогнат да ја разбереме Библијата
Освен што самите ја читаат Библијата, на многумина им користи тоа што разговараат за неа со други. Прочитај Дела 8:26-31, а потоа разговарајте за следново прашање:
Како можеме да ја разбереме Библијата? (Види ги стиховите 30 и 31.)
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Проучувањето на Библијата е губење време“.
Што би рекол ти и зошто?
ШТО НАУЧИ:
Библијата содржи совети за секојдневниот живот, дава одговор на најважните прашања и им дава на луѓето утеха и надеж.
Како би одговорил?
Какви совети може да најдеме во Библијата?
На кои прашања дава одговор Библијата?
За кои работи би сакал да дознаеш нешто повеќе од Библијата?
ИСТРАЖУВАЈ
Дознај како може да ти користат советите од Библијата.
„Библијата крие безвременска мудрост“ (Стражарска кула бр. 1, 2018)
Види како Библијата му помогнала на еден човек кој се борел со негативни чувства уште од детството.
Разгледај некои практични совети што Библијата ги дава за семејниот живот.
Дознај како Библијата открива кој навистина владее со светот.