Иако Пасхата не е претслика за Спомен-свеченоста, одредени обележја на Пасхата имаат значење и за нас денес. На пример, апостол Павле го нарекол Исус „нашата пасхална жртва“ (1Ко 5:7). Освен тоа, како што преку крвта од јагне, со која биле попрскани рамките на вратите, се спасиле многу животи, така и преку крвта на Исус многумина ќе се спасат (2Мо 12:12, 13). Исто така, на пасхалното јагне не требало да му се скрши ниту една коска. Слично, на Исус не му била скршена ниедна коска, иако тоа било вообичаено при вакви погубувања (2Мо 12:46; Јвн 19:31-33, 36).