-
Продолжи да одиш по Јеховиниот патСтражарска кула 1999 | 15 Мај
-
-
6, 7. Иако биле обожаватели на Јехова Бог, во кои прилики Израелците се покажале неверни, и зошто?
6 Тоа се случило во древниот Израел, како што покажал Павле. Тој напишал: „А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи на злото, како што тие беа похотливи. Не станувајте ниту идолослужители, како некои од нив, за кои е напишано: ‚Народот седна да јаде и да пие, па стана да игра [да се забавува, NW]‘. Ниту, пак, да блудствуваме, како некои од нив што блудствуваа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади“ (1. Коринтјаните 10:6—8).
7 Павле укажува првин на приликата кога Израел обожавал златно теле во подножјето на гората Синај (2. Мојсеева 32:5, 6). Тоа било директна непослушност спрема една божествена заповед на која само неколку седмици пред тоа се сложиле дека ќе ѝ бидат послушни (2. Мојсеева 20:4—6; 24:3). Потоа, Павле укажува на времето кога Израел му се поклонил на Ваал заедно со моавските ќерки (4. Мојсеева 25:1—9). Обожавањето теле се карактеризирало со сериозна самопопустливост, со ‚забава‘.a Обожавањето на Ваал било проследено со бесрамен сексуален неморал (Откровение 2:14). Зошто Израелците извршиле такви гревови? Бидејќи дозволиле нивните срца да станат ‚похотливи на злото‘ — без разлика дали тоа било идолопоклонството или развратните практики кои го придружувале.
8. Каква поука можеме да извлечеме од искуствата на Израел?
8 Павле покажал дека ние треба да извлечеме поука од тие настани. Каква поука? Незамисливо е еден христијанин да му се поклони на златно теле или на некој древен моавски бог. Но, што е со неморалот или со неконтролираната самопопустливост? Тие денес се вообичаени, а ако дозволиме желбата за нив да порасне во нашето срце, тие ќе застанат меѓу нас и Јехова. Последицата од тоа ќе биде иста како да сме направиле идолопоклонство — оттуѓување од Бог. (Спореди Колосјаните 3:5; Филипјаните 3:19.) Навистина, Павле ја заклучува својата дискусија за тие настани со тоа што силно ги поттикнал соверниците: „Одбегнувајте го служењето на идолите“ (1. Коринтјаните 10:14).
-
-
Продолжи да одиш по Јеховиниот патСтражарска кула 1999 | 15 Мај
-
-
a Осврнувајќи се на грчкиот збор кој овде е преведен „се забавува“, еден толкувач вели дека тој укажува на танците кои се играле на паганските празници, и додава: „Многу од тие танци, како што е добро познато, биле директно наменети за да побудат најразвратни страсти“.
-