-
Имаш ли надеж во воскресение?Стражарска кула (за проучување) 2017 | Декември
-
-
15. Зошто Исус е наречен „првина“?
15 Исус воскреснал како духовно суштество на небото. Тоа било првото и најважното воскресение од таков вид (Дела 26:23). Сепак, тој не е единствениот кој требало да биде воскреснат на небото како духовно суштество. Исус ветил дека неговите верни апостоли ќе владеат со него на небото (Лука 22:28-30). Но, оваа награда требало да ја добијат дури по својата смрт. Потоа, исто како Исус, тие требало да воскреснат во духовно тело. Павле напишал дека „Христос воскреснал од мртвите“ и дека „тој е првина од оние што умреле“. Павле понатаму рекол дека ќе има и други кои ќе бидат воскреснати за живот на небото. Тој напишал: „Секој по својот ред: Христос како првина, а потоа, за време на неговата присутност, оние што се Христови“ (1. Кор. 15:20, 23).
16. Што знаеме во врска со тоа кога се случува воскресението за живот на небото?
16 Зборовите на Павле ни покажуваат кога се случува воскресението за живот на небото. Тоа се одвива за време на Христовата присутност. Со години, Јеховините сведоци со помош на Библијата укажуваат дека Христовата присутност започнала во 1914 год. Неговата присутност сѐ уште трае, и крајот на овој злобен свет е многу близу.
17, 18. Што ќе доживеат некои помазаници за време на Христовата присутност?
17 Библијата дава уште некои детали во врска со воскресението за живот на небото: „И не сакаме, браќа, да бидете во незнаење во врска со оние што се умрени... Зашто, ако веруваме дека Исус умрел и воскреснал, тогаш Бог и оние што умреле во единство со Исус ќе ги доведе со него... Ние живите, кои преостануваме до времето на присутноста на Господарот, нема да ги престигнеме оние што се умрени, зашто, самиот Господар ќе слезе од небото со заповеднички повик... И најпрво ќе станат оние што се мртви во единство со Христос. Потоа ние живите, кои ќе преостанеме, заедно со нив ќе бидеме однесени во облаците за да се сретнеме со Господарот во воздухот. И така ќе бидеме секогаш со Господарот“ (1. Сол. 4:13-17).
18 Воскресението за живот на небото требало да започне некое време откако ќе започнела Христовата присутност. Помазаните христијани кои сѐ уште ќе бидат на Земјата во текот на големата неволја ќе бидат „однесени во облаците“. Тие „нема да умрат“ во таа смисла што нема да бидат мртви долго време. Кога ќе умрат, веднаш ќе се преобразат „во еден момент, за миг, при звукот од последната труба“ (1. Кор. 15:51, 52; Мат. 24:31).
-
-
Имаш ли надеж во воскресение?Стражарска кула (за проучување) 2017 | Декември
-
-
20. Од каде знаеме дека воскресението ќе се одвива организирано?
20 Во Библијата пишува дека оние што одат на небото воскреснуваат „секој по својот ред“ (1. Кор. 15:23). Затоа, можеме да бидеме уверени дека воскресението за живот на Земјата исто така ќе се одвива по некаков ред, односно ќе биде организирано. Можеби се прашуваш: „Дали оние што починале во наше време ќе воскреснат на почетокот од Христовото илјадагодишно владеење и ќе бидат пречекани од нивните блиски кои ги познаваат? Дали верните Божји слуги кои предводеле во минатото ќе воскреснат меѓу првите за да помогнат во организирањето на Божјиот народ во новиот свет? Што ќе се случи со оние што не му служеле на Јехова? Кога и каде ќе воскреснат?“ Постојат многу прашања кои можеме да си ги поставиме. Но, нема потреба сега да размислуваме за тие работи. Најдобро е да чекаме и да видиме. Можеме да имаме доверба дека ќе биде навистина прекрасно да се гледа како Јехова ќе се погрижи за сето тоа.
-