Дали се сеќаваш?
Дали си покажал ценење при читањето на последните изданија на Стражарска кула? Тогаш, провери дали можеш да ги одговориш следните прашања:
◻ Каков темел имаат духовните пастири да преземат иницијатива да контактираат со некои исклучени за да видат дали можат да бидат поттикнати на покајание?
Дури и кога Израелците биле во прогонство и сѐ уште со непокајнички став, Јехова, како пастир, презел иницијатива да ги бара, испраќајќи им пророци. Христијанските пастири се заинтересирани да им помогнат на сите кои се каат кои можеби се како загубени овци. (Спореди Лука 15:4-7.) Види Стражарска кула од 15. 4, стр. 21-23.
◻ Како што покажува Исусовата споредба за изгубениот син, како би требало да се чувствуваме и да постапуваме кога некој повторно е примен во христијанското собрание? (Лука 15:22-32).
Нашата цел е да го имитираме таткото, кој бил среќен заради враќањето на својот изгубен син. Затоа, би требало слободно да разговараме со повторно вратениот брат и да го охрабруваме да напредува во вистината. 15/4, стр. 25.
◻ Кои практични мерки на претпазливост можат да се преземат за да избегнеш да станеш жртва на криминал?
Каде е можно, избегнувај да бидеш надвор во опасни предели ноќно време. Сокриј каков и да е накит, и носи ги таквите предмети како што е фото-апарат, во торбата за купување. Биди претпазлив кога одиш по работ од тротоарот, особено ако носиш актовка или рачна ташна. (Види Изреките 3:21-23.) 1/5, стр. 5, 6.
◻ Зошто пророштвото во Софонија 2:3 вели: ”Можеби ќе бидете сокриени на денот на Јеховиниот гнев“?
Спасението на животот зависи од верноста и истрајноста (Матеј 24:13). Затоа, само оние кои се прилагодуваат на Божјите праведни мерила и кои постојано го зборуваат чистиот јазик, ќе бидат сокриени на денот на Јеховиниот гнев (Софонија 2:1, 2). 1/5, стр. 14.
◻ Што е вклучено во ставањето на Бог на прво место во семејниот живот?
Родителите и децата мораат да го обожаваат Јехова во склад со неговите мерила кои се дадени во Библијата. 15/5, стр. 5.
◻ Зошто Јехова веднаш не ги казнил грешниците?
Една причина е тоа што мора да се објави Божјето име по целата Земја. (Спореди Римјаните 9:17.) Друга причина е, да допушти време за да се решат спорните прашања за Божјиот суверенитет и беспрекорноста на човекот, кои биле поставени од побуната во Еден. Исто така, Божјата долготрпеливост им дава можност на грешниците да се покајат и да го поправат својот пат (2. Петрово 3:9). 15/5, стр. 11, 12.
◻ Кои факти потврдуваат дека Библијата е од надчовечко потекло?
Библијата била пишувана од околу 40 различни писатели кои биле со различни професии и кои живееле низ период од 1 600 години; сепак, сите овие писатели следеле една основна тема. Овој внатрешен склад на Библијата би бил невозможен ако би се препуштило на случајноста или само на човечко водство. 1/6; стр. 5.
◻ Кое чудно и необично дело, претскажано во Исаија 28:21, ќе го изврши Јехова во наше време?
Предупредувањето од Откровение 17:16 покажува дека еден ден политичките љубовници на Големиот Вавилон ќе се свртат против него. Како последица на тоа, христијанството ќе биде потполно уништено заедно со сите други лажни религии. Тоа ќе биде Јеховино чудно дело и негово необично дело за нашето време. 1/6, стр. 22, 23.
◻ Што би требало да има на ум христијанката во поглед на употребата на накит и шминка?
Библијата не забранува употреба на такви помошни средства за разубавување. (2. Мојсеева 32:2, 3; Естера 2:7, 12, 15). Но скромноста треба да преовладува. Жената може лесно да почне да имитира светски стилови и прекумерно да употребува кармин, боење на образите или сенка за очи, дури како што правела Језавела (2. Царевите 9:30). Треба да се води сметка така што да не се претерува со козметиката, а накитот што се носи да не биде упадлив. 1/6, стр. 30, 31.
◻ Како Израелците ги избегнале ”сите лути египетски болести“ кои преовладувале во старо време? (5. Мојсеева 7:15).
Очигледно ги избегнале таквите заболувања највеќе поради тоа што се придржувале на напредните хигиенски постапки што биле пропишани со сојузот на Законот. 15/6, стр. 4.
◻ Зошто Бог одлучил човечките суштества да не смеат да јадат крв? (1. Мојсеева 9:3, 4; 3. Мојсеева 17:10, 11; Дела на апостолите 15:22-29).
Животот е дар од Бог и човечкиот живот зависи од живото-одржувачкото течно ткиво наречено крв (Псалми 36:9). Почитувајќи ја крвта на посебен начин, луѓето покажуваат дека нивниот живот зависи од Бог. Затоа, централната причина за Божјата одлука во поглед на крвта била не дека земањето крв би можело да биде нездраво, туку дека крвта има посебно значење пред Бог. 15/6, стр. 8, 9.
◻ Како можат христијанските родители и младинци да ја утврдат веројатноста дека ќе биде почитуван приговорот на малолетникот да не му се даде трансфузија на крв?
Иако законски не е возрасен, младиот христијанин треба да биде способен јасно и одлучно да објасни каков е неговиот цврст религиозен став спрема примањето крв. Родителите можат да направат практични прикази со своите деца за да [децата] стекнат искуство како да ги објаснат своите лични убедувања. 15/6, стр. 18.
◻ Како жените биле мошне благословени за време на Исусовата служба на Земјата?
Исус започнал дело кое им донело утеха, надеж и ново достоинство на жените од сите раси. Тој ги поучувал жените за длабоки духовни вистини (Јован 4:7, 24-26). За време на својата служба, тој ја прифатил службата на жени додека патувал низ земјата. (Марко 15:40, 41). 1/7, стр. 14, 15.
◻ Кои Исусови техники на поучување родителите ги нашле за многу делотворни во поучувањето на своите деца?
Родителите прават добро ако употребуваат споредби за да ги направат христијанските вистини привлечни за срцата на нивните млади деца, и можат да користат добро промислени прашања за да распознаат што нивните постари деца навистина мислат. (Спореди Матеј 17:24-27.) 1/7, стр. 26.
◻ Зошто е можно еден христијанин да биде заведен во поглед на друштвото? (1. Коринтјаните 15:33).
Дотичниот може да изгледа љубезен и пријатен, но ако не ја споделува христијанската заинтересираност за Јеховината служба или дури ако не верува во Библијата, тој е лошо друштво. Зошто? Затоа што неговиот живот се темели на поинакви начела, и работите кои за христијаните се многу важни, за него можат малку да вредат. 15/7, стр. 23.
◻ Зошто би требало да тежнееме по љубезна доброљубивост?
Особината љубезна доброљубивост нѐ прави омилени кај Бог и кај другите. Таа ја унапредува гостољубивоста и нѐ прави обѕирни. Ги зајакнува врските внатре во семејството и во христијанското собрание. А над сѐ, љубезната доброљубивост му донесува слава на Јехова. 15/7, стр. 22.
◻ Зошто Судниот ден е време на надеж?
Судниот ден е период од илјада години. На него ќе претседава самиот Бог со својот Син, Христос Исус, наименуван од Бог да дејствува како Судија. Тоа ќе биде време кога на човештвото ќе му се врати совршениот човечки живот којшто Адам го изгубил за своето потомство. (1. Коринтјаните 15:21, 22). 1/8, стр. 5-7.