-
Прашања од читателитеСтражарска кула (за проучување) 2018 | Декември
-
-
Во која смисла апостол Павле бил „однесен до третото небо“ и „во рајот“? (2. Кор. 12:2-4).
Во 2. Коринќаните 12:2, 3, Павле зборува за некој човек кој бил „однесен до третото небо“. Кој бил тој човек? Во своето писмо до собранието во Коринт, Павле истакнал дека Бог го користел него како апостол (2. Кор. 11:5, 23). А потоа ги спомнал „виденијата и објавите на Господарот“. Во контекстот на овие стихови, Павле не пишувал за други браќа. Според тоа, кога зборувал за човекот кој добил виденија и објави, логично е да заклучиме дека мислел на себе (2. Кор. 12:1, 5).
Значи, човекот што бил „однесен до третото небо“ и „во рајот“ очигледно бил Павле (2. Кор. 12:2-4). Тој го употребил изразот „виденија и објави“, што покажува дека добил објава за нешто што ќе постои во иднина.
Што било „третото небо“ кое го видел Павле?
Во Библијата, зборот „небо“ може да се однесува на дословното небо (1. Мој. 11:4; 27:28; Мат. 6:26). Но, овој збор може да означува и нешто друго. Понекогаш се однесува на човечко владеење (Дан. 4:20-22). А може да укажува и на Божјето владеење, на пример, преку Божјето Царство (Отк. 21:1).
Павле вели дека го видел „третото небо“. Што сакал да каже со тоа? Понекогаш во Библијата нешто се повторува три пати со цел да се нагласи или да се истакне неговата важност (Иса. 6:3; Езек. 21:27; Отк. 4:8). Според тоа, се чини дека со изразот „третото небо“ Павле се осврнал на еден истакнат, највозвишен облик на владеење — месијанското Царство на чело со Исус Христос и неговите 144.000 совладетели. Како што напишал апостол Петар, ние ги очекуваме ветените „нови небеса“ (2. Пет. 3:13).
-
-
Прашања од читателитеСтражарска кула (за проучување) 2018 | Декември
-
-
По сѐ изгледа „третото небо“ кое е спомнато во 2. Коринќаните 12:2 е месијанското Царство на чело со Исус Христос и неговите 144.000 совладетели, односно новите небеса (2. Пет. 3:13).
Наречено е „третото небо“ затоа што Царството е еден истакнат, највозвишен облик на владеење.
-