ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ‚Продолжете да си простувате спремно еден на друг‘
    Стражарска кула 1997 | 1 Декември
    • 5. Која важна причина за простување на другите е покажана во Ефесјаните 5:1?

      5 Една важна причина зошто да им се простува на другите е покажана во Ефесјаните 5:1: „И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени“. Во кој поглед треба да ‚се угледаме на Бога‘? Зборовите „и така“ го поврзуваат изразот со претходниот стих, кој вели: „Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си [спремно, НС] еден на друг, како што и Бог [спремно, НС] ви прости во Христа“ (Ефесјаните 4:32). Да, кога се работи за простувањето, треба да станеме имитатори на Бог. Како што едно момченце се обидува да биде исто како татка си, ние, како деца кои Јехова од срце ги љуби, треба да сакаме да станеме како нашиот небесен Татко кој простува. Колку само мора да го радува Јеховиното срце кога ќе погледне долу од небесата и ќе види како неговите земни деца се трудат да бидат како него со тоа што си простуваат едни на други! (Лука 6:35, 36; спореди Матеј 5:44—48).

      6. На кој начин постои огромна разлика помеѓу Јеховиното простување и нашето?

      6 Вистина, ние не можеме никогаш да простиме во совршена смисла како што тоа го прави Јехова. Но, тоа е уште поголема причина зошто треба да си простуваме еден на друг. Размисли: Постои огромна разлика помеѓу Јеховиното простување и нашето (Исаија 55:7—9). Кога ние им простуваме на оние кои ни згрешиле, тоа честопати е со свесност дека, порано или подоцна, можеби ќе ни требаат за да ни ја вратат услугата со тоа што тие ќе ни простат нам. Кај луѓето, секогаш е случај грешници да им простуваат на грешници. Меѓутоа, кај Јехова простувањето секогаш е во еден правец. Тој ни простува нам, но ние никогаш не ќе треба да му простиме нему. Ако Јехова, кој не греши, може со толку љубов и потполно да ни прости нам, зарем не треба ние грешните луѓе да се обидуваме да си простуваме едни на други? (Матеј 6:12).

  • ‚Продолжете да си простувате спремно еден на друг‘
    Стражарска кула 1997 | 1 Декември
    • 11. Кога другите ќе ни згрешат, што може да ни помогне да им простиме?

      11 Меѓутоа, што ако другите ни згрешат, предизвикувајќи ни забележителна рана? Ако гревот не е премногу сериозен, можеби не ни претставува голема тешкотија да го примениме библискиот совет да ‚си простуваме спремно еден на друг‘ (Ефесјаните 4:32, НС). Таквата спремност да се прости е во склад со Петровите вдахновени зборови: „А пред сѐ, имајте постојана љубов меѓу себе, оти ‚љубовта покрива многу гревови‘ “ (1. Петрово 4:8). Ако имаме на ум дека и ние сме грешници, тоа ни овозможува да ги толерираме прекршоците на другите. Кога така простуваме, ние ја оставаме огорченоста наместо да ја негуваме. Како резултат од тоа, нашиот однос со виновникот може нема да претрпи некаква трајна штета, а исто така со тоа помагаме да се сочува скапоцениот мир на собранието (Римјаните 14:19). Со текот на времето, сеќавањето на она што го сторил тој веројатно ќе избледнее.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2027)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели