ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Како да извлечеш најголема корист од читањето на Библијата
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • 3. Што ќе ти помогне да најдеш време за да ја читаш Библијата?

      Дали ти е тешко да најдеш време за да ја читаш Библијата? Ако да, не си единствениот. Библијата нѐ поттикнува: „Откупувајте си време“ (Ефешаните 5:16). Што би значело тоа? Да си одвоиме време за да ја читаме Библијата секој ден и да си одредиме кога точно ќе го правиме тоа. Некои си одвојуваат време за да ја читаат Библијата рано наутро. Други, пак, тоа го прават подоцна во денот, можеби додека имаат пауза за ручек. А некои ја читаат Библијата навечер, пред да си легнат. Кое време најмногу ти одговара тебе?

  • Како може да носиме добри одлуки?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • 3. Дозволи ѝ на Библијата да те води

      Како библиските начела можат да нѐ водат кога носиме одлуки? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

      ВИДЕОКЛИП: Нека те водат библиските начела (5:54)

      • Што е слободна волја?

      • Зошто Јехова ни дал слободна волја?

      • Што ни дал Јехова за да ни помогне да ја користиме слободната волја на најдобар можен начин?

      Да разгледаме едно библиско начело. Прочитај Ефешаните 5:15, 16 и фуснотата за стих 16, а потоа разговарајте за следниве прашања: Како би можел добро да го користиш времето...

      • за редовно да ја читаш Библијата?

      • за да станеш подобар сопружник, родител, син или ќерка?

      • за да присуствуваш на собраниските состаноци?

  • Избирај забава што му се допаѓа на Јехова
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • 2. Зошто е важно да внимаваме колку време трошиме на забава?

      Дури и кога избираме забава која не се коси со библиските начела, треба да внимаваме да не трошиме премногу време на неа. Инаку, можеби нема да ни остане доволно време за поважните работи. Библијата нѐ поттикнува: „Добро користете го времето што го имате“. (Прочитај Ефешаните 5:15, 16, фуснота.)

  • Избирај забава што му се допаѓа на Јехова
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • 4. Мудро користи го своето време

      Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

      ВИДЕОКЛИП На што ти оди времето? (2:45)

      • Иако братот не гледаше ништо погрешно, како влијаеше врз него начинот на кој го користеше слободното време?

      Прочитај Филипјаните 1:10, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како овој стих може да ни помогне да одредиме колку време ќе трошиме на разонода?

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели