-
Што ќе ти помогне да не се откажеш од проучувањето на Библијата?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
4. Покажи дека библискиот курс ти е многу важен
Понекогаш сме толку многу зафатени што ни се чини дека немаме време за да ја проучуваме Библијата. Што може да ни помогне? Прочитај Филипјаните 1:10, а потоа разговарајте за овие прашања:
Што мислиш, кои се најважните работи во животот?
Како можеш да покажеш дека библискиот курс ти е многу важен?
А) Ако во една кофа најпрво ставиш песок, а потоа се обидеш да ставиш камења, за нив нема да има место
Б) Ако прво ги ставиш камењата, ќе има место и за поголемиот дел од песокот. Слично на тоа, ако на прво место во животот го ставиш она што е најважно, ќе имаш време и за други работи
Секој човек има духовни потреби — треба да го запознае Бог и да го обожава. Со проучувањето на Библијата ги задоволуваме овие духовни потреби. Прочитај Матеј 5:3, а потоа разговарајте за ова прашање:
Зошто е добро проучувањето на Библијата да ни биде важно во животот?
-
-
Избирај забава што му се допаѓа на ЈеховаРадувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
4. Мудро користи го своето време
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
Иако братот не гледаше ништо погрешно, како влијаеше врз него начинот на кој го користеше слободното време?
Прочитај Филипјаните 1:10, а потоа разговарајте за ова прашање:
Како овој стих може да ни помогне да одредиме колку време ќе трошиме на разонода?
-