-
Како да им помогнеме на оние што страдаат од некое ментално нарушувањеСтражарска кула (За јавност) (2023) | Бр. 1
-
-
„Тешете ги потиштените“ (1. СОЛУЊАНИТЕ 5:14).
Можеби некој твој пријател се бори со анксиозност или со чувства на безвредност. Дури и ако не знаеш што да му кажеш, можеш да го охрабриш и да го утешиш ако го увериш дека се грижиш за него.
-
-
Како да им помогнеме на оние што страдаат од некое ментално нарушувањеСтражарска кула (За јавност) (2023) | Бр. 1
-
-
„Бидете долготрпеливи“ (1. СОЛУЊАНИТЕ 5:14).
Можеби на твојот пријател нема секогаш да му се зборува. Увери го дека спремно ќе го слушаш кога ќе му се зборува. Поради неговата болест, твојот пријател можеби ќе каже или ќе направи нешто со кое ќе те повреди. Можеби ќе ти откаже некои планови или ќе биде нерасположен. Биди стрплив и имај разбирање за него додека му ја пружаш потребната поддршка (Изреки 18:24).
-