ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. СОЛУЊАНИТЕ 1-3
Откривањето на беззаконикот
На што мислел Павле со следниве изрази во овие стихови?
„Оној што... задржува“ (стих 6) — Веројатно тоа биле апостолите
„Ќе биде откриен“ (стих 6) — По смртта на апостолите, отпадничките христијани почнале да постапуваат лицемерно и отворено да шират лажни учења
„Тајната на ова беззаконие“ (стих 7) — Во времето на Павле, луѓето не знаеле кој е „беззаконикот“
„Беззаконикот“ (стих 8) — Денес, тоа се свештениците на христијанскиот свет како група
„Господарот Исус ќе го убие [беззаконикот]... со покажувањето на својата присутност“ (стих 8) — На сите ќе им биде јасно дека Исус е присутен како Цар на небото кога тој ќе ја изврши Јеховината пресуда врз светот на Сатана, вклучувајќи го и „беззаконикот“
Како овие стихови те поттикнуваат да проповедаш со ревност и со чувство на итност?