-
Што ќе ти помогне да не се откажеш од проучувањето на Библијата?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
5. Не се откажувај ако другите ти се противат
Некои можеби ќе се обидат да те убедат да престанеш да ја проучуваш Библијата. Забележи што му се случило на Франческо. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:
Како реагирале другарите на Франческо и мајка му кога тој им кажал дека ја проучува Библијата?
Како била наградена неговата истрајност?
Прочитај 2. Тимотеј 2:24, 25, а потоа разговарајте за овие прашања:
Што мислат твоето семејство и твоите пријатели за тоа што ја проучуваш Библијата?
Според стиховите што ги прочита, како треба да реагираш ако на некој не му е мило што ја проучуваш Библијата?
-
-
Како можеш да ја објавуваш добрата вест?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
Кога сакаш да зборуваш со некого за добрата вест, треба да размислиш што ќе кажеш, но и како ќе го кажеш тоа. Прочитај 2. Тимотеј 2:24 и 1. Петрово 3:15, а потоа разговарајте за овие прашања:
Како можеш да ги примениш овие стихови кога зборуваш со други за Библијата?
Некои од членовите на семејството или пријателите можеби нема да се согласат со тебе. Што би можел да направиш? Што не би требало да правиш?
Што мислиш, зошто е подобро да бидеш тактичен и да поставуваш промислени прашања отколку да им ги наметнуваш своите верувања на другите?
-