ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Дали го гледаш „Невидливиот“?
    Стражарска кула 2014 | 15 Април
    • 10. а) Какви упатства им дал Јехова на Израелците во месецот нисан 1513 год. пр.н.е.? б) Зошто Мојсеј ги послушал Божјите упатства?

      10 Во месецот нисан 1513 год. пр.н.е., Јехова им кажал на Мојсеј и на Арон да им пренесат на Израелците упатства кои изгледале необично. Секое семејство требало да заколе по едно машко јагне или јаре кое било без маана и со неговата крв да ја попрска влезната врата (2. Мој. 12:3-7). Што направил Мојсеј? Подоцна, апостол Павле за него напишал: „Со вера ја прослави Пасхата и ги попрска вратите со крв, за погубителот да не ги допре нивните првородени“ (Евр. 11:28). Мојсеј знаел дека може да има доверба во Јехова и бил уверен дека тој ќе го исполни своето ветување и ќе ги погуби првородените синови на Египќаните.

      11. Зошто Мојсеј ги предупредил другите?

      11 Синовите на Мојсеј веројатно биле во Мадијам, далеку од „погубителот“a (2. Мој. 18:1-6). Сепак, Мојсеј бил послушен и ги предупредил другите израелски семејства чии првородени синови се наоѓале во опасност. Во прашање биле многу животи, а Мојсеј го сакал својот народ. Библијата вели дека тој веднаш ги свикал сите старешини на Израел и им рекол: „Заколете ја пасхалната жртва“ (2. Мој. 12:21).

      12. Која важна порака од Јехова им ја објавуваме на луѓето?

      12 И денес, Јеховиниот народ под водство на ангелите ја објавува оваа важна порака: „Бојте се од Бог и оддајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд! Поклонете му се на оној што ги создаде небото и земјата и морето и изворите на вода!“ (Отк. 14:7). Сега е време да се објавува оваа порака. Мораме да ги предупредиме луѓето да излезат од Големиот Вавилон за да не ги снајдат неговите неволји (Отк. 18:4). ‚Другите овци‘ им се придружуваат на помазаните христијани и заедно со нив ги молат луѓето кои се отуѓени од Бог да ‚се помират‘ со него (Јован 10:16; 2. Кор. 5:20).

      Јеховин сведок се подготвува да оди во служба на проповедање и си замислува како ангелите ги држат ветровите на уништувањето

      Верата во Јеховините ветувања ќе ти ја разгори желбата да ја објавуваш добрата вест во уште поголема мера (Види во пасус 13)

      13. Што ќе нѐ поттикне уште повеќе да ја објавуваме добрата вест?

      13 Уверени сме дека живееме во ‚часот на судот‘. Исто така, уверени сме дека Јехова со добра причина го забрзува делото на проповедање и правење ученици. Во видение, апостол Јован видел „четири ангели како стојат на четирите агли на земјата, цврсто држејќи ги четирите земни ветрови“ (Отк. 7:1). Дали со очите на верата можеш да ги видиш ангелите кои се спремни да ги пуштат врз овој свет разорните ветрови на големата неволја? Ако да, ќе ја објавуваш добрата вест со уште поголема увереност.

  • Дали го гледаш „Невидливиот“?
    Стражарска кула 2014 | 15 Април
    • a По сѐ изгледа, Јехова испратил ангели да го извршат неговиот суд врз Египќаните (Пс. 78:49-51).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели