-
Можеме да го пребродиме секое искушение!Стражарска кула 2005 | 15 Јуни
-
-
Библијата покажува дека Божјите слуги ќе ‚се соочат со разни искушенија‘ (Јаков 1:2). Да му обрнеме внимание на зборот „разни“ (грчки: poikilos). Кога се користел во минатото, овој старогрчки збор имал значење „многубројни и различни“ или „разнобојни“, при што била нагласена „разновидноста на искушенијата“. Според тоа, ‚разните искушенија‘, симболично кажано, се јавуваат во многу бои. Сепак, Јехова ни помага да се справиме со секое од нив. Зошто можеме да бидеме сигурни во ова?
-
-
Можеме да го пребродиме секое искушение!Стражарска кула 2005 | 15 Јуни
-
-
Да, за секоја можна „боја“, или природа на нашите искушенија, постои исто таква „боја“, или израз, на Божјата незаслужена љубезност што ќе ни помогне да издржиме (Јаков 1:17). Навремената и соодветната поддршка што Јехова им ја дава на своите слуги — без оглед на тоа колку разнообразни се нивните искушенија или проблеми — не е ништо друго туку уште еден доказ за „Божјата мудрост која е многу разнолика“ (Ефешаните 3:10). Зарем не се сложуваш со ова?
-