Да се врши чистата религија заради преживување
„Религија која е чиста и вистинска во очите на Бог Таткото ќе се покаже по работите како што се (...) да се чувате неизвалкани од светот“ (ЈАКОВ 1:27, Phillips).
1. Како е дефинирана религијата, и кој логично го има правото да ја одреди разликата помеѓу лажната и вистинската религија?
РЕЛИГИЈАТА се дефинира како „израз на човековото верување и обожавање на една натприродна сила позната како творец и управител на вселената“. Тогаш, кој логично го има правото да ја одреди разликата помеѓу вистинската и лажната религија? Секако Оној во кого се верува и кој се обожава, Творецот. Јехова во својата Реч јасно го зацртал своето гледиште за вистинската и лажната религија.
Зборот „религија“ во Библијата
2. Како речниците го објаснуваат изворниот грчки збор преведен со „облик на обожавање“ или „религија“, и на каков вид обожавање може да се примени?
2 Грчкиот збор преведен со „облик на обожавање“, или „религија“, е треске́ја. A Greek-English Lexicon of the New Testament (Грчко-англискиот лексикон на Новиот Завет) го дефинира овој збор како „обожавање на Бог, религија, особено кога се изразува преку религиозна служба или култ“. Theological Dictionary of the New Testament [Теолошкиот речник на Новиот Завет) дава понатамошни поединости, наведувајќи: „Се оспорува етимологијата; . . . современите научници се за врската со терап- (,да се служи‘) . . . Исто така може да се забележи разлика во значењето. Позитивната смисла е ‚религиозна ревност‘ . . ., ‚обожавање на Бог‘, ‚религија‘. . . . Но исто така постои и негативна смисла, т.е., ‚религиозна претераност‘, ‚погрешно обожавање‘“. Затоа, треске́ја може да се преведе или со „религија“ или со „облик на обожавање“, било позитивно или негативно.
3. Како апостол Павле го употребил зборот преведен со „облик на обожавање“, и каков интересен коментар е даден за преводот од Колосјаните 2:18?
3 Овој збор се појавува само четири пати во Христијанските грчки списи. Апостол Павле го употребил два пати за да означи лажна религија. Во Дела на апостолите 26:5, (NW) е забележана неговата изјава дека пред да стане христијанин, ‚според најстрогата секта на нивниот облик на обожавање [„религија“, Phillips] живеел како фарисеј‘. Во своето писмо до Колосјаните, тој предупредил: „Не допуштете да ве лиши од наградата човек на кого му се допаѓа лажна понизност и облик на обожавање на ангелите“ (Колосјаните 2:18, NW). Такво обожавање на ангелите очигледно преовладувало во Фригија во тоа време, но тоа бил облик на лажна религија.a Занимливо е тоа што додека некои преводи на Библијата треске́ја го преведуваат со „религија“ во Колосјаните 2:18, повеќето го употребуваат зборот „обожавање“. New World Translation доследно го преведува треске́ја со „облик на обожавање“, фуснота во Reference Bible, секогаш кога се наведува, го употребува алтернативниот превод „религија“ од латинските преводи.
„Чист и неизвалкан“ од Божја гледна точка
4, 5. (а) Чие гледиште за религијата е најважно, според Јаков? (б) Што би можело да го направи залуден нечиј облик на обожавање, и што се мисли со зборот преведен „залуден“?
4 Другите две појавувања на зборот треске́ја се во писмото што го напишал ученикот Јаков, член на водечкото тело на христијанското собрание од првиот век. Тој напишал: „Ако некој човек си мисли дека е вообичаен обожавател [„дека е ‚религиозен‘“, Phillips], а сепак не си го зауздува јазикот, туку си го лаже срцето, обликот на обожавање [„религијата“, Phillips] на тој човек е залуден. Обликот на обожавање [„религијата“, Phillips] којшто од гледна точка на нашиот Бог и Татко е чист и неизвалкан ‚ е овој: да се грижите за сираците и вдовиците во нивната неволја, и да се чувате без дамки од светот“ (Јаков 1:26, 27, NW).
5 Да, да се има Јеховиното гледиште за религијата е животважно ако сакаме да го имаме неговото одобрување и да преживееме во новиот свет којшто тој го ветил (2. Петрово 3:13). Јаков покажува дека некој можеби си мисли за себе дека е навистина религиозен, а сепак неговиот облик на обожавање може да биде залуден. Грчкиот збор овде преведен со „залуден“ исто така значи „мрзлив, празен, бесплоден, бескорисен, немоќен, без вистина“. Тоа би можело да биде случај ако некој кој тврди дека е христијанин не си го зауздува јазикот и не го употребува за да го слави Бог и да ги изградува другите христијани. Тој би го ‚лажел своето срце‘ и не би вршел „религија која е чиста и вистинска во очите на Бог“ (Phillips). Она што е важно е Јеховиното гледиште.
6. (а) Која е темата на писмото на Јаков? (б) Кој услов за чистото обожавање го нагласил Јаков, и што изјавило современото Водечко тело во овој поглед?
6 Јаков не ги набројува сите работи кои Јехова ги бара во врска со чистото обожавање. Во согласност со главната тема на неговото писмо, а тоа е вера докажана преку дела и потреба да се чува од пријателството со Сатаниниот свет, тој нагласува само две барања. Едно е ‚грижење за сираците и вдовиците во нивната неволја‘. Тоа вклучува вистинска христијанска љубов. Јехова секогаш покажувал љубезна грижа за сираците и вдовиците (5. Мојсеева 10:17, 18; Малахија 3:5). Едно од првите дела на водечкото тело на христијанското собрание од првиот век било во корист на христијанските вдовици (Дела на св. апостоли 6:1-6). Апостол Павле дал детални упатства за пружање љубезна грижа за сиромашните постари вдовици кои се покажале верни низ годините и кои немале семејства да им помогнат (1. Тимотеј 5:3-16). Денешното Водечко тело на Јеховини сведоци исто така издало прецизни упатства за „Грижа за сиромашните“, изјавувајќи: „Во вистинското обожавање спаѓа и грижата за верните и лојалните, на кои можеби им е потребна материјална помош“. (Види ја книгата Проводимо организовано нашу службу, стр. 124-125.) Старешинствата или поединечните христијани кои се покажуваат немарни во тој поглед, пропуштаат еден важен аспект на обликот на обожавање кој е чист и неизвалкан од гледиштето на нашиот Бог и Татко.
„Без дамки од светот“
7, 8. (а) Кој втор услов за вистинската религија го споменал Јаков? (б) Дали свештенството и свештениците го исполнуваат тоа барање? (в) Што може да се каже за Јеховините сведоци?
7 Вториот услов за вистинската религија што го споменал Јаков е ‚чување без дамки од светот‘. Исус изјавил: „Моето царство не е од овој свет“; според тоа, неговите вистински следбеници нема да бидат „дел од овој свет“ (Јован 15:19; 18:36, NW). Дали тоа може да се каже за свештенството и свештениците на некоја од религиите на овој свет? Тие ги поддржуваат Обединетите нации. Многу од нивните водачи ја прифатија поканата на папата да се состанат во Асиси, Италија во октомври 1986, за да ги обединат своите молитви за успехот на „Меѓународната година на мирот“ под покровителство на ООН. Меѓутоа, нивните настојувања беа залудни судејќи по милионите убиени во војните што се водеа таа година и во годините оттогаш па наваму. Свештенството често се дружи со владеачките политички партии, додека предавнички прави тајни договори со опозицијата, така што кој и да е на власт, на него да гледа како на „пријател“ (Јаков 4:4).
8 Јеховините сведоци стекнале углед како христијани кои остануваат неутрални спрема политичките работи и во судирите во овој свет. Тие го задржуваат тој став на сите континенти и во сите нации, што е потврдено преку новинските извештаи и современите историски записи во сите делови на светот. Тие се навистина „без дамки од светот“. Нивната религија е „религија која е чиста и вистинска во очите на Бог“ (Јаков 1:27, Phillips).
Други обележја на вистинската религија
9. Кој е третиот услов за чистата религија, и зошто?
9 Ако религијата е „обожавање на една натприродна сила позната како творец и управител на универзумот“, секако дека вистинската религија треба да го насочи обожавањето кон единствениот вистински Бог, Јехова. Таа не смее да го замагли сфаќањето на луѓето за Бог со учење на такви пагански поими како што е троен бог во кој Таткото ја дели својата семоќност, слава и вечност со други две личности во мистериозно Тројство (5. Мојсеева 6:4; 1. Коринћанима 8:6, Ст). Исто така таа мора да го објави Божјето неспоредливо име, Јехова, и да му оддава чест на тоа име, всушност да го носи Божјето име како организиран народ (Псалми 83:18, NW; Дела на св. апостоли 15:14). Нејзините извршители мора да го следат примерот на Христос Исус во тој поглед (Јован 17:6). Кој народ денес го задоволува тоа барање освен христијанските Сведоци на Јехова?
10. Што мора да прави една религија за да понуди преживување во Божјиот нов свет, и зошто?
10 Апостол Павле изјавил: „Зашто под небото нема друго име [Исус Христос] дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме“ (Дела на св. апостоли 4:8-12). Според тоа, чистата религија која ќе понуди преживување во Божјиот нов свет мора да подбудува на вера во Христос и во вредноста на откупната жртва (Јован 3:16, 36; 17:3; Ефесјаните 1:7). Уште повеќе, мора да им помогне на вистинските обожаватели да му се подложат на Христос како на Јеховин владеечки Цар и помазан Првосвештеник (Псалми 2:6-8; Филипјаните 2:9-11; Евреите 4:14, 15).
11. На што мора да се темели вистинската религија, и каква е положбата на Јеховините сведоци во овој поглед?
11 Чистата религија мора да се темели на откриената волја на единствениот вистински Бог, а не на човечки традиции или филозофии. Да не била Библијата, не би знаеле ништо за Јехова и неговите прекрасни намери, ниту за Исус и откупната жртва. Јеховините сведоци всадуваат во луѓето непоколеблива доверба во Библијата. Исто така докажуваат со својот секојдневен живот дека се согласни со изјавата на апостол Павле: „Сето Писмо е инспирирано од Бог и корисно за поучување, за укорување, за исправање на работите, (...) за да човекот Божји биде потполно способен, потполно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17, NW).
Вистинската религија — начин на живот
12. Покрај верата, што е неопходно за да обожавањето биде вистинито, и во кои погледи вистинската религија е начин на живот?
12 Исус изјавил: „Бог е Дух, и оние кои го обожаваат треба да го обожаваат со дух и вистина“ (Јован 4:24, NW). Според тоа, вистинската религија или облик на обожавање, не е церемонијален, ритуален, надворешен израз на побожност. Чистото обожавање е духовно, темелено на вера (Евреите 11:6). Меѓутоа, таа вера мора да биде поткрепена со дела (Јаков 2:17). Вистинската религија ги одбива современите трендови. Таа се придржува за библиските мерила за моралот и чистиот говор (1. Коринтјаните 6:9, 10; Ефесјаните 5:3-5). Оние кои ја вршат искрено настојуваат да го донесуваат плодот на Божјиот дух во својот семеен живот, на световната работа, на училиште, па дури и при својата рекреација (Галатјаните 5:22, 23). Јеховините сведоци се трудат никогаш да не го заборават советот на апостол Павле: „И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја“ (1. Коринтјаните 10:31). Нивната религија не е обичен формализам; таа е начин на живот.
13. Што вклучува вистинското обожавање, и зошто може да се каже дека Јеховините сведоци се вистински религиозни луѓе?
13 Се разбира, вистинската религија вклучува духовни активности. Во нив спаѓаат личната и семејната молитва, редовното проучување на Божјата Реч и помошните средства за проучување на Бибилијата, како и посетување на вистинските христијански собраниски состаноци. Состаноците се отвораат и затвораат со песни на фалба на Јехова и со молитви (Матеј 26:30; Ефесјаните 5:19). Со помош на предавања и дискусии со прашања и одговори на печатен материјал којшто им стои на располагање на сите се разгледуваат изградувачки духовни теми. Таквите состаноци обично се одржуваат во уредни, но не украсени Царски сали, кои исклучиво се употребуваат за религиозни цели: редовни состаноци, венчавки и погребна служба. Јеховините сведоци ги почитуваат своите Царски сали и поголеми конгресни сали како места наменети за Јеховино обожавање. За разлика од повеќето цркви на т.н. христијанство, Царските сали не се клубови за дружење.
14. Што значело обожавањето за народот кој зборувал хебрејски, и која активност е карактеристична за Јеховините сведоци денес?
14 Претходно видовме дека грчкиот збор преведен со „облик на обожавање“ или „религија“ научниците го поврзуваат со глаголот „да се служи“. Занимливо е што хебрејскиот еквивалент, авода́, може да се преведе со „служба“ или „обожавање“. (Спореди со фуснотите во 2. Мојсеева 3:12 и 10:26.) За Хебреите обожавањето значело служба. Истото значење го има за вистинските обожаватели денес. Едно многу важно, особено обележје на вистинската религија е тоа што сите кои ја вршат неа, учествуваат во божествената служба на проповедање на „оваа добра вест за царството (...) по сета населена земја за сведоштво на сите народи“ (Матеј 24:14, NW; Дела на св. апостоли 1:8; 5:42). Која религија е позната ширум светот по своето јавно сведочење за Божјето Царство како единствена надеж за човештвото?
Позитивна, обединувачка сила
15. Кое е едно извонредно обележје на вистинската религија?
15 Лажната религија разединува. Таа предизвикала, и сѐ уште предизвикува омраза и крвопролевање. Спротивно на тоа, вистинската религија обединува. Исус изјавил: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35). Љубовта која ги обединува Јеховините сведоци ги надминува националните, социјалните, економските и расните граници кои го разединуваат останатото човештво. Сведоците ‚стојат цврсто во еден дух, еднодушно борејќи се рамо до рамо за верата на добрата вест‘ (Филипјаните 1:27, NW).
16. (а) Која „добра вест“ ја проповедаат Јеховините сведоци? (б) Кои пророштва се исполнуваат на Јеховиниот народ, и кои благослови следеле?
16 ‚Добрата вест‘ која ја проповедаат се состои во тоа дека наскоро Божјата непроменлива цел ќе биде постигната. Неговата волја ќе биде спроведена „како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:10). Јеховиното славно име ќе биде посветено, а Земјата ќе стане рај кадешто вистинските обожаватели ќе можат да живеат засекогаш (Псалми 36:29). Буквално милиони луѓе од сите земји се поврзуваат со Јеховините сведоци и во исполнение на библиското пророштво извикуваат: „Одиме со вас, зашто слушаме дека Бог е со вас“ (Захарија 8:23, ДК). Јехова го благословува својот народ. „Малиот“ навистина постанал „моќен народ“, светско собрание потполно обединето во секој поглед — во мислењето, работата и обожавањето (Исаија 60:22, NW). Тоа е нешто што лажната религија никогаш не успеала да го постигне.
Триумфот на чистата религија
17. Што го очекува Големиот Вавилон, и како ќе се изврши тоа?
17 Божјата Реч го претскажала уништувањето на светското царство на лажната религија, симболично наречено „Големиот Вавилон“. Библијата исто ги претставува ‚царевите‘ или политичките владетели на Земјата преку симболот на роговите на една дива ѕверка. Таа ни кажува дека Бог ќе им ја стави во срцата на тие владетели намерата да ја соборат и потполно да ја уништат институцијата на Сатана Ѓаволот, слична на блудница. (Види Откровение 17:1, 2, 5, 6, 12, 13, 15-18.)b
18. Која важна причина ја дава Библијата за уништување на Големиот Вавилон, и кога лажната религија тргнала по тој ужасен пат?
18 Зошто Големиот Вавилон заслужува уништување? Библијата одговара: „Во него се најде крвта пророчка и на свети, и на сите кои се убиени на земјата“ (Откровение 18:24, ДК). Покажувајќи дека таа вина за крв што ја натрупала лажната религија, оди наназад дури пред основањето на Вавилон, Исус ги осудил религиозните водачи на јудаизмот, кои самите се надоврзале на Големиот Вавилон, кога рекол: „Змии, породи гуини! Како ќе ја избегнете осудата на гехената? (...) [Ќе] дојде на вас сета праведна крв пролиена на земјата, од крвта на праведниот Авел“ (Матеј 23:33-35, Бакотиќ). Да, лажната религија, која започнала на Земјата во времето на бунтот во Еден, мора да положи сметка за својата ужасна вина за крв.
19, 20. (а) Што ќе прават вистинските обожаватели откако ќе се изврши осудата над Големиот Вавилон? (б) Што ќе се случи тогаш, и каков изглед ќе се отвори за сите вистински обожаватели?
19 После уништувањето на Големиот Вавилон, вистинските обожаватели на Земјата ќе ги обединат своите гласови со небесниот хор кој пее: „Фалете го Јах! (...) Зашто го извршил судот над големата блудница (...), и ја одмаздил крвта на своите робови од нејзината рака. (...) И чадот од неа и понатаму се крева засекогаш и вечно“ (Откровение 19:1-3, NW).
20 Потоа ќе бидат уништени другите составни делови на Сатанската видлива организација (Откровение 19:17-21). После тоа, Сатана, основачот на сета лажна религија, и неговите демони ќе бидат затворени. Повеќе нема да можат да ги прогонуваат вистинските обожаватели на Јехова (Откровение 20:1-3). Чистата религија ќе триумфира над лажната. Верните мажи и жени кои обрнуваат внимание на божественото предупредување сега да побегнат од Големиот Вавилон, ќе ја имаат можноста да преживеат и да влезат во Божјиот нов свет. Таму, ќе можат да ја извршуваат вистинската религија и засекогаш да го обожаваат и да му служат на Јехова.
[Фусноти]
a За објаснување на обожавање на ангелите споменато во Колосјаните 2:18, види во Стражарска кула од 15. јули 1985, стр. 12, 13.
b За потполно објаснение на ова пророштво, види ја книгата Откривење — близу је величанствени врхунац! издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., 33-36. поглавје.
Провери го своето сеќавање
◻ Чие гледиште за религијата е најважното, и зошто?
◻ Кои два услова за вистинската религија ги нагласил Јаков?
◻ Кои се други барања за чистото обожавање?
◻ Каква „добра вест“ проповедаат Јеховините сведоци?
◻ Како вистинската религија ќе триумфира над лажната?
[Слика на страница 17]
Религиозните водачи на собирот во Асиси, Италија, во октомври 1986
[Слика на страница 19]
Вистинската религија вклучува заедничко состанување заради обожавање