-
Покажи благодарност за она што Јехова и Исус го направиле за тебеРадувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
3. Благодарноста нѐ поттикнува на дела
Замисли си дека се давиш и дека некој ти го спасува животот. Дали едноставно ќе заборавиш што направил тој човек за тебе? Или ќе бараш начини да му покажеш дека си благодарен?
Сите ние му го должиме нашиот живот на Јехова. Прочитај 1. Јованово 4:8-10, а потоа разговарајте за овие прашања:
Зошто жртвата на Исус е скапоцен дар?
Како се чувствуваш ти поради она што Јехова и Исус го направиле за тебе?
Како може да покажеме дека сме благодарни за она што Јехова и Исус го направиле за нас? Прочитај 2. Коринќаните 5:15 и 1. Јованово 4:11; 5:3. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:
На темел на овој стих, што може да правиме за да ја покажеме нашата благодарност?
-
-
Зошто е важно да му се заветуваш на Бог и да се крстиш?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
1. Што може да нѐ поттикне да се заветуваме?
Љубовта кон Јехова нѐ поттикнува да му го заветуваме својот живот (1. Јованово 4:10, 19). Библијата вели: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (Марко 12:30). Покажуваме дека го сакаме Бог не само со нашите зборови туку и со нашите постапки. Исто како што љубовта поттикнува еден дечко и една девојка да се венчаат, така и нашата љубов кон Јехова нѐ поттикнува да му го заветуваме животот и да се крстиме.
-