-
Како Гај им помагал на соверницитеСтражарска кула (за проучување) 2017 | Мај
-
-
Гај можеби бил надгледник во собранието, иако тоа не е кажано во самото писмо. Јован го пофалил Гај за тоа што бил гостољубив кон многу браќа иако не ги познавал. Тој сметал дека тоа е доказ за верноста на Гај, бидејќи гостољубивоста отсекогаш била важна одлика на Божјите слуги (1. Мој. 18:1-8; 1. Тим. 3:2; 3. Јов. 5).
Тоа што Јован знаел дека Гај е гостољубив покажува дека во тоа време христијаните често патувале во местата каде што имало собранија и местото каде што се наоѓал апостол Јован, и очигледно му раскажувале за работите што ги доживувале. Можеби токму на овој начин Јован дознавал што се случувало во тие собранија.
Христијаните што патувале сигурно сакале да ноќеваат кај своите соверници. Гостилниците не биле на добар глас, не нуделе добра услуга и биле познати по неморал. Затоа, секогаш кога било можно, патниците престојувале кај пријатели, а христијаните кај своите соверници.
-
-
Како Гај им помагал на соверницитеСтражарска кула (за проучување) 2017 | Мај
-
-
Трето, треба да ги цениме и пофалуваме христијаните кои верно му служат на Јехова додека се соочуваат со противење. Апостол Јован го охрабрил Гај и го уверил дека постапува исправно. Слично на тоа, и старешините денес треба да го следат примерот на Јован и да ги охрабруваат своите браќа и сестри за да не се уморат и да не папсаат (Иса. 40:31; 1. Сол. 5:11).
-