-
„Му угодил на Бог“Стражарска кула (За јавност) 2017 | Бр. 1
-
-
„ЗА НИВ ПРОРОКУВАШЕ И ЕНОХ“
Енох можеби се чувствувал осамен меѓу толку безбожни луѓе. Но, неговиот Бог, Јехова, го забележал. Еден ден, Бог му дал на овој верен слуга порака што требало да им ја пренесе на луѓето во тоа време. Така Енох станал прв пророк чија порака е откриена во Библијата. За ова знаеме затоа што многу векови подоцна Јуда, братот на Исус, ги запишал пророчките зборови на Енох под водство на Божјиот дух.a
Што прорекол Енох? „Еве, Јехова дојде со своите десетици илјади свети ангели, за да им суди на сите, и да ги осуди сите безбожници за сите нивни безбожни дела што ги извршија на безбожен начин и за сите дрски зборови што безбожните грешници ги изговорија против него“ (Јуда 14, 15). Можеби забележа дека Енох зборувал во минато време, како Бог веќе да го исполнил ова пророштво. Така се изразувале и многу пророци после него. Зошто? Исполнувањето на пророштвото било толку сигурно што пророците можеле да се изразат како веќе да се случило (Исаија 46:10).
Енох го објавувал ова предупредување, можеби така што се трудел да му проповеда на секого. Што мислиш, како му било додека го правел тоа? Пораката била многу директна — зборот безбожен е спомнат четири пати за да ги осуди луѓето, нивните дела и начинот на кој ги вршеле овие дела. Пророштвото било предупредување до сите луѓе дека светот што го изградиле после протерувањето од Еден е расипан до срж. Јехова рекол дека ќе дојде со моќна војска од „десетици илјади свети ангели“ за да го уништи тој свет. Енох бестрашно го објавувал ова предупредување од Бог, и тоа сам! Дали младиот Ламех бил одушевен од храброста на дедо му? Ако да, имал и зошто.
Верата на Енох може да нѐ поттикне да се прашаме дали на денешниов свет гледаме како што Бог гледа на него. Осудата што храбро ја објавувал подеднакво важи денес како што важела и за светот од негово време. Ова предупредување се исполнило кога Јехова ги казнил со Потоп безбожните луѓе од времето на Ное. Но тоа било само претслика за едно поголемо уништување што допрва претстои (Матеј 24:38, 39; 2. Петрово 2:4-6). И денес, Бог е спремен со своите десетици илјади свети ангели да изврши праведна пресуда на овој безбожен свет. Секој од нас треба сериозно да го сфати предупредувањето на Енох и да им го пренесе на другите. Можеби семејството и пријателите нема да нѐ поддржуваат. Понекогаш можеби ќе се чувствуваме сами. Но, Јехова никогаш не го напуштил Енох, а нема да ги напушти ни своите верни слуги денес!
-
-
„Му угодил на Бог“Стражарска кула (За јавност) 2017 | Бр. 1
-
-
a Некои библиски изучувачи тврдат дека Јуда цитирал од апокрифната книга Енох. Меѓутоа, станува збор за книга со непознато потекло полна со измислени приказни кои погрешно му се припишуваат на Енох. Таа го содржи пророштвото на Енох, но можеби писателот на оваа книга го зел овој цитат од древен извор за кој не се знае — пишан документ или усно предание. Јуда можеби го користел истиот древен извор, или дознал за Енох од Исус, кој живеел на небото како духовно суштество во времето на Енох.
-