-
Блескавиот градОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
9. Како Јован ги опишува материјалите од кои е изграден градот?
9 Јован продолжува со својот опис: „Ѕидот беше изграден од јаспис, а градот беше од чисто злато, слично на чисто стакло. Темелите на градскиот ѕид беа од секаков вид скапоцени камења: првиот темел беше од јаспис, вториот од сафир, третиот од калцедон, четвртиот од смарагд, петтиот од сардоникс, шестиот од сард, седмиот од хризолит, осмиот од берил, деветтиот од топаз, десеттиот од хризопрас, единаесеттиот од хијацинт, дванаесеттиот од аметист. А дванаесетте порти беа дванаесет бисери — секоја порта беше направена од по еден бисер. И главната градска улица беше од чисто злато, слично на проѕирно стакло“ (Откровение 21:18-21).
-
-
Блескавиот градОткровение — близу е величествената завршница!
-
-
12. Што означува тоа што а) темелите на градот се украсени со 12 скапоцени камења? б) портите на градот се бисери?
12 Дури и темелите на градот се прекрасни, украсени со 12 скапоцени камења. Ова нѐ потсетува на еврејскиот првосвештеник од старо време, кој на празниците носел ефод во кој биле вградени 12 различни скапоцени камења, слични на оние што се опишани овде (2. Мојсеева 28:15-21). Ова сигурно не е чиста случајност! Напротив, ја нагласува свештеничката улога на Новиот Ерусалим, чија „светилка“ е Исус, големиот првосвештеник (Откровение 20:6; 21:23; Евреите 8:1). Освен тоа, токму преку Новиот Ерусалим луѓето ќе ги добијат благословите од Исусовата служба на првосвештеник (Откровение 22:1, 2). Дванаесетте порти на градот, направени од бисери со голема убавина, нѐ потсетуваат на една парабола во која Исус го споредил Царството со скапоцен бисер. Сите што влегуваат низ тие порти покажале вистинско ценење за духовните вредности (Матеј 13:45, 46; спореди Јов 28:12, 17, 18).
-