-
„Држи се цврсто за она што го имаш“Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
17 Во 1918 година, помазаните христијани од класата на Јован — исто како непоколебливото собрание во Филаделфија — мораа да се соочат со противење од современата ,синагога на Сатана‘. Верските поглавари на христијанскиот свет, кои тврдеа дека се духовни Евреи, подмолно ги наведоа владетелите да го потиснат вистинското христијанство. Но, христијаните цврсто се ‚држеа за она што Исус го зборувал во својата истрајност‘. Затоа, со „малку сила“, односно духовна помош, тие преживеаја и беа поттикнати да влезат низ вратата што сега им беше отворена. На кој начин?
,Ја отворив вратата‘
18. Кого го поставил Исус во посебна служба во 1919 година, и како овој поставен слуга е сличен на верниот настојник на Езекија?
18 Во 1919 година, Исус го исполни своето ветување и ја призна малата група од вистински помазани христијани за свој ‚верен и разборит роб‘ (Матеј 24:45-47). Овие христијани добија одговорност слична на онаа што ја имал верниот настојник Елијаким во времето на цар Езекија.d Во врска со него, Јехова рекол: „Ќе му го ставам на рамо клучот на Давидовиот дом, па кога тој ќе отвори, никој нема да затвори, а кога тој ќе затвори, никој нема да отвори“. Елијаким имал големи одговорности на дворот на Езекија, цар од лозата на Давид. Слично и денес, помазаната класа на Јован го има „клучот на Давидовиот дом“ во таа смисла што ѝ се доверени сите работи кои се поврзани со месијанското Царство на Земјата. Јехова ги зајакнува своите слуги да ја исполнат оваа одговорност, и им ја претвора малата сила во огромна енергија која е доволна за да се даде едно големо сведоштво низ целиот свет (Исаија 22:20, 22; 40:29).
19. Како класата на Јован ги исполнила одговорностите што Исус ѝ ги доверил во 1919 година, и со каков резултат?
19 Од 1919 година наваму, помазаниот остаток, по примерот на Исус, почна решително да ја проповеда добрата вест за Царството по целата Земја (Матеј 4:17; Римјаните 10:18). Како резултат на ова, некои од современата синагога на Сатана, т.е. христијанскиот свет, дојдоа кај помазаниот остаток, се покајаа и му ‚се поклонија‘ признавајќи ја овластената положба на овој ‚роб‘. И тие почнаа да му служат на Јехова заедно со постарите членови на класата на Јован. Ова продолжи вака сѐ додека не беше пополнет целиот број од 144.000 помазани браќа на Исус. Потоа, едно „големо мноштво... од сите народи“ дојде да му ‚се поклони‘ на помазаниот роб (Откровение 7:3, 4, 9). Робот и ова големо мноштво служат заедно како едно стадо од Јеховини сведоци.
-
-
„Држи се цврсто за она што го имаш“Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
25. Како може секој христијанин денес да го примени начелото што стои зад советот кој Исус му го дал на собранието во Филаделфија?
25 Оваа порака сигурно многу ги охрабрила верните христијани во Филаделфија! А содржи и силна поука за класата на Јован што живее сега, во денот на Господарот. Но, начелата изнесени во неа се важни за секој христијанин, сеедно дали е од помазаниците или од другите овци (Јован 10:16). Добро е секој од нас и понатаму да дава плодови на Царството како што давале и христијаните во Филаделфија. Сите ние имаме барем малку сила. Сите ние можеме да направиме нешто во Јеховината служба. Да ја искористиме оваа сила! Да бидеме подготвени да влеземе низ секоја врата што ќе ни се отвори и да прифатиме поголеми одговорности во врска со Царството. Можеме и да го молиме Јехова да ни отвори таква врата (Колошаните 4:2, 3). Ако покажуваме истрајност како што покажувал Исус и ако не се одречеме од неговото име, и ние ќе покажеме дека имаме уво кое го слуша она што Божјиот свет дух им го кажува на собранијата.
-