-
„Држи се цврсто за она што го имаш“Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
„Ќе ти се клањаат“
11. Каков благослов им ветил Исус на христијаните, и како им го дал?
11 Затоа, Исус им ветува дека нивниот труд ќе роди плод: „Еве, ќе ги доведам оние од синагогата на Сатана — кои велат дека се Евреи, а не се, туку лажат — еве, ќе ги принудам да дојдат и да ти се поклонат пред нозете и да сознаат дека јас те сакам“ (Откровение 3:9). Можеби, слично како во Смирна, и ова собрание имало проблеми со локалните Евреи. Исус ги нарекува овие Евреи „синагогата на Сатана“. Сепак, барем некои од нив ќе сфатат дека она што христијаните го проповедаат за Исус е вистина, и најверојатно ќе „се поклонат“. Како? Во 1. Коринќаните 14:24, 25, Павле рекол дека ќе се покаат и ќе станат христијани, полни со благодарност за огромната љубов што ја покажал Исус давајќи си го животот за своите ученици (Јован 15:12, 13).
12. Зошто членовите на еврејската синагога во Филаделфија најверојатно биле запрепастени кога дознале дека некои од нив ќе им „се клањаат“ на христијаните во нивното место?
12 Членовите на еврејската синагога во Филаделфија најверојатно ќе бидат запрепастени кога ќе дознаат дека некои од нив ќе им „се поклонат“ на христијаните во својот град. Со оглед на тоа што сигурно имало многу не-Евреи во христијанското собрание, тие би очекувале да се случи токму спротивното. Зошто? Затоа што Исаија прорекол: „[Нееврејски] цареви ќе бидат твои старатели [на израелскиот народ], а нивните кнегињи ќе ти бидат доилки. Ќе ти се клањаат со лицето доземи“ (Исаија 49:23; 45:14; 60:14). На сличен начин, Захарија бил инспириран да запише: „Во тие денови, десет луѓе [не-Евреи] од сите јазици што ги зборуваат народите ќе фатат за скут еден Евреин, ќе го фатат, велејќи: ‚Ќе одиме со вас зашто чувме дека Бог е со вас‘“ (Захарија 8:23). Да, не-Евреите требало да им се поклонат на Евреите, а не обратно!
13. На кои Евреи требало да се исполнат пророштвата што му биле кажани на древниот Израел?
13 Овие пророштва му биле упатени на Божјиот избран народ. Кога биле кажани, родените Израелци ја заземале таа почесна положба. Но, кога Евреите го отфрлиле Месијата, Јехова ги отфрлил нив (Матеј 15:3-9; 21:42, 43; Лука 12:32; Јован 1:10, 11). На Педесетница 33 год. од н.е., на нивно место го избрал вистинскиот Израел Божји — христијанското собрание. Членовите на овој Израел се духовни Евреи кои имаат вистинско обрежување на срцето (Дела 2:1-4, 41, 42; Римјаните 2:28, 29; Галатите 6:16). Според ова, поединци од родените Евреи можеле повторно да стекнат добар однос со Јехова само ако имале вера во Исус како Месија (Матеј 23:37-39). Очигледно, токму ова требало да се случи со некои лица во Филаделфија.a
14. Какво значајно исполнување имале во нашево време пророштвата запишани во Исаија 49:23 и Захарија 8:23?
14 Во нашево време, пророштвата како оние во Исаија 49:23 и Захарија 8:23 се исполнија на многу значаен начин. Како резултат на проповедањето на класата на Јован, огромен број луѓе ја искористија можноста да служат за Царството.b Повеќето од нив дојдоа од христијанскиот свет, чии религии лажно тврдат за себе дека се духовниот Израел. (Спореди Римјаните 9:6.) Тие, како едно големо мноштво, ги перат своите долги облеки и ги белат на тој начин што имаат вера во Исусовата жртвена крв (Откровение 7:9, 10, 14). Бидејќи се послушни на Христовата царска власт, се надеваат дека ќе ги наследат благословите овде на Земјата. Тие доаѓаат кај помазаните браќа на Исус и им „се клањаат“, во духовна смисла, бидејќи ‚чуле дека Бог е со нив‘. Тие им служат на овие помазаници со кои се обединети во едно меѓународно братство (Матеј 25:34-40; 1. Петрово 5:9).
-
-
„Држи се цврсто за она што го имаш“Откровение — близу е величествената завршница!
-
-
17 Во 1918 година, помазаните христијани од класата на Јован — исто како непоколебливото собрание во Филаделфија — мораа да се соочат со противење од современата ,синагога на Сатана‘. Верските поглавари на христијанскиот свет, кои тврдеа дека се духовни Евреи, подмолно ги наведоа владетелите да го потиснат вистинското христијанство. Но, христијаните цврсто се ‚држеа за она што Исус го зборувал во својата истрајност‘. Затоа, со „малку сила“, односно духовна помош, тие преживеаја и беа поттикнати да влезат низ вратата што сега им беше отворена. На кој начин?
-