Христовото доаѓање — треба ли да се плашиме?
КАКО си го замислуваш доаѓањето на Исус Христос? Дали мислиш дека тоа ќе значи казна, крај и уништување за човештвото, или, пак, очекуваш тоа да ги отстрани сите наши проблеми? Дали треба да се плашиме од Христовото доаѓање или со душа да го чекаме?
Во врска со Христовото доаѓање, Библијата вели: „Еве, доаѓа со облаците, и ќе го види секое око... И сите земни племиња ќе проплачат поради него“ (Откровение 1:7). Исус ќе дојде, односно ќе се појави во иднина, за да ги награди праведните и да ги казни злите.
Апостол Јован не се плашел од Христовото доаѓање, туку со душа го чекал. Откако добил откровение за тоа доаѓање и за резултатите што Христос ќе ги постигне на Земјата, Јован сесрдно се молел: „Дојди, Господару Исусе“ (Откровение 22:20). Но, зошто „сите земни племиња ќе проплачат поради него“? Во која смисла „ќе го види секое око“? Што ќе направи Христос кога ќе дојде? Каква корист имаме уште сега од тоа што веруваме во доаѓањето? Следната статија ќе го даде одговорот на овие прашања.